Прва лигаФудбал

Искусниот стопер Арсим Љамалари e нов играч на ФК Шкупи!

Сподели
ФОТО: ФК Шкупи
Сподели

Екипата на Шкупи продолжува со формирање конкурентен тим за новата сезона и го официјализираше новото засилување во одбраната. Клубот од Чаир постигна договор со искусниот дефанзивец Арсим Љамалари, кој пристигнува како слободен играч.

Последен клуб на Љамалари беше Беса од Добри Дол, но по испаѓањето на тимот од Првата лига, дефанзивецот реши да побара нов предизвик. Станува збор за искусен 31 годишен стопер  добро познат на домашната сцена – досега има настапувано за Силекс и Скопје, а својот квалитет го покажал и надвор од Македонија, со настапи за неколку клубови во Турција.

Со своето искуство и дефанзивна стабилност, Љамалари ќе биде значаен адут за тренерот на Шкупи во предизвиците кои следуваат.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Седлоски: Словенија е компактна селекција и излегува моќно од дефанзива, но верувам дека со карактер можеме да дојдеме до трите бода

Македонската фудбалска репрезентација утревечер  со почеток од 20:45 часот, на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје го игра завршниот, шести меч од групната...

ФудбалФутсал

Каршиака го доби дербито на колото, Шутка 1 даде 15 гола, а Овче Поле се враќа со три бода од Прилеп

Дербито на 5. коло на Втората футсал лига му припадна на тимот на Каршиака, откако со 7:5 го доби соочувањето со Црна Река...

Поврзани написи
ИнтернационалциФудбал

Поранешниот селектор на Македонија Игор Ангеловски- Мрме го носи Таџикистан во финалето на Кралскиот куп!

Поранешниот селектор на македонската фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски – Мрме, заедно со...

Втора лигаФудбал

Охрид ја држи есенската круна во свои раце, Пелистер и Работнички чекаат шанса

Охрид влегува во последните две редовни есенски кола како лидер и најсериозен...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!