Втора лигаФудбал

Детонит Плачковица со големо засилување – претставен Сашко Дуков, пристигна и Филип Ѓорѓиевски

Сподели
Сподели

Второлигашот Детонит Плачковица го гради ростерот за новата сезона во Втората лига, а во која радовишкиот тим одново ќе го води искусниот штипски стратег Горан Здравков.

Денес Детонит Плачковица ги започна подготовките за новата сезона, а на првиот ден од подготовките беа претставени и две засилувања.

Најзвучно засилување ќе биде искусниот Сашко Дуков кој во Радовиш доаѓа од редовите на Кожуф од Гевгелија.

Се работи за искусен голгетер кој изминатите сезони е меѓу најдобрите стрелци во лигата, а минатата сезона беше најдобар стрелец за Кожуф, а пак претходната на Каменица Саса и благодарение на него „рударите“ го изборија опстанокот.

Минатата сезона Дуков го носеше дресот на Охрид во есенскиот дел и Кожуф во пролетниот дел и постигна 14 погодоци.

Низ својата кариера искусниот фудбалер покрај за Кожуф, Охрид, Каменица Саса има настапувано и за Силекс, Пелистер, Росоман, Вардар Неготино, Тиквеш, кичевски Напредок, а меѓународна кариера градеше во Београд.

Детонит Плачковица денес го претстави и Филип Ѓорѓиевски кој доаѓа од редовите на Кожуф, а се работи за 22-годишен дефанзивен играч од средниот ред.

Потекнува од школата на Вардар, беше дел од Тетекс, Кит Го од Пехчево, Скопје и последно Кожуф.

Радовишани ги започнаа летните подготовки, а во следните денови ќе следуваат уште неколку квалитетни засилувања. Клубот е финансиски стабилен со одличен буџет дознава Спортска Мрежа.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Црна Река со висока гостинска победа, Кратово слави домашен триумф!

Екипата на Црна Река стигна до триумф над ССК на гостински терен, славејќи победа со резултат од 3:8, со што ланскиот прволигаш од...

ФудбалФутсал

Лидерот Проект во еден „потег“ го реши Мал Ајакс, Клими го „среди“ Балкан

Валандово вечерва гледаше прволигашки футсал откако Проект мечот со Мал Ајакс го одигра во салата „Филип Втори“, а кој меч непоразениот лидер од...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Црна Река со висока гостинска победа, Кратово слави домашен триумф!

Екипата на Црна Река стигна до триумф над ССК на гостински терен,...

ФудбалФутсал

Лидерот Проект во еден „потег“ го реши Мал Ајакс, Клими го „среди“ Балкан

Валандово вечерва гледаше прволигашки футсал откако Проект мечот со Мал Ајакс го...

Втора лигаФудбал

Листата на „отпишани“ второлигаши се зголеми!

Листата на „отпишани“ второлигаши од коло во коло се зголемува, покрај веќе...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!