Турнири

Трет натпреварувачки ден на „Ораовица 2025“ – офанзивен фудбал и нови возбудувања!

Сподели
Сподели

И третиот ден од турнирот во мал фудбал „Ораовица 2025“ донесе динамични натпревари, многу голови и неочекувани резултати. Синоќа се одиграа четири меча, а нападите беа во преден план.

  • Резултати од 18 јули (Петок):

Ел Ко Транс Ораовица – Баџо Компани 4:6
Тимот на Ел Ко Транс Ораовица се соочи со Баџо Компани, а гледачите добија вистински головен трилер. Баџо Компани ја запиша својата втора победа и направи важен чекор кон нокаут фазата.

Мече Дел Шпед – Оливер Промет 4:0
Силно деби за Мече Дел Шпед, кои со четири гола го совладаа Оливер Промет и се вклучија во битката за врвот во групата А.

Еклер Транс Пепелиште – Мече Дел Шпед 5:2
Само еден час по првиот триумф, Мече Дел Шпед влезе во нов дуел, но овојпат наиде на одличниот Еклер Транс, кој го контролираше мечот и дојде до важна победа.

Stiff Company – Изведен 9:5
Еден од најефикасните натпревари досега! Stiff Company и Изведен одиграа меч со 14 голови, но пресуди поголемата ефикасност на Stiff Company, кои ги запишаа првите бодови во групата Б.Спортска Мрежа ќе продолжи со секојдневно информирање, директни резултати и видео-материјали од турнирот.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалЧетврта лига

По речиси една деценија повторно локално фудбалско дерби во радовишко – Готен и Слога ќе ги одмерат силите во Подареш!

По долги години пауза, радовишкиот фудбал повторно ќе добие локално дерби! Утре, во рамките на шестото коло од Општинската фудбалска лига – Струмица,...

Ракомет

Прилеп убедлив, Бутел славеше во последните секунди, Струга до важни бодови!

Десеттото коло во македонската ракометна Супер лига донесе различни сценарија на три терени – убедлива победа на Прилеп, драматичен триумф на Бутел Скопје...

Поврзани написи
Турнири

Стојаково повторно ќе живее за фудбалот – новогодишен турнир со награден фонд од 410.000 денари!

Стојаково и годинава ќе биде центар на фудбалските возбудувања во декември! На...

Турнири

ФК Кул со четири генерации доаѓа на Ohrid Winter Cup и носи силна конкуренција

Фудбалскиот клуб Кул од Скопје го потврди учеството на Ohrid Winter Cup,...

Турнири

Џокер од Фурка го потврди учеството на Ohrid Winter Cup со талентираната генерација 2012

Фудбалскиот клуб Џокер од Фурка, кај Дојран, е потврден учесник на Ohrid...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!