Со трите натпревари закажани за вечерва, официјално започнува јубилејното 25-то издание на Меморијалниот турнир „Влатко Петров“, кој и годинава ќе биде еден од најголемите спортски настани во регионот.
Официјалното отворање на турнирот ќе биде со пригодна церемонија, вечерва Чардаклија ќе ја почувствува првата фудбалска треска со натпреварите од групната фаза.
- Вечерна програма – Понеделник, 14 јули
21:00 Техногума – Перо и Тајфата (Група Ѓ)
21:50 Џоле Транс Коп – МАГНА (Група Д)
22:40 Динамо Штип – Хемија (Група Г)
Стартот од првата вечер носи возбудливи натпревари, почеток на уште едно незаборавно издание од традиционалниот меморијален турнир, кој со години обединува спортски екипи, навивачи и пријатели на спортот.
Спортска Мрежа е тука за вас и оваа вечер – следете ги сите резултати, изјави и моменти од Чардаклија! Нашата соработка започна во 2022 година и истата продолжува и годинава.