Се ближи уште едно возбудливо издание на традиционалниот турнир во мал фудбал „Ораовица 2025“, кој секоја година се одржува по повод големиот празник Илинден. Турнирот е симбол на спорт, заедништво и врвна организација, а годинава повторно ветува спектакл на теренот и силна конкуренција.
Пријавувањето е отворено до 15 јули, кога ќе се одржи и ждребувањето за групите, додека почетокот на натпреварите е закажан за 16 јули. Котизацијата за учество изнесува 4.000 денари.
- Организаторите обезбедија вкупен награден фонд од 325.000 денари, распределен на следниов начин:
Прво место – 180.000 денари
Второ место – 85.000 денари
Трето место – 40.000 денари
Четврто место – 20.000 денари
- Освен сениорските екипи, оваа година има простор и за најмладите – се организираат пионерски категории за:
Родени од 2010 до 2013 година
Родени од 2014 до 2018 година
- За учество, пријавата се врши на следните броеви:
078 433 987
071 250 418
072 595 863
Оваа година за првпат, Спортска Мрежа е медиумски покровител на турнирот, што значи целосна медиумска покриеност – извештаи, резултати и видео-содржини од секоја вечер на теренот. Турнирот е во организација на ФК Изведен, а генерален покровител е Општина Радовиш.