Општина Конче става голем акцент на спортот, оваа мала рурална општина има вистинска визија и стратегија како да ги поддржи младите спортисти кои бележат големи резултати, но и спортските работници кои се посветени на развојот кај младите спортисти и заеднички носат големи резултати.
Општина Конче годинава, а по повод 12-јули, празникот на општина Конче, се одлучи да им додели финансиски средства на успешните спортисти и спортски работници од општината.
Градоначалникот на општина Конче, Златко Ристов им се обрати на присутните спортисти и спортски работници, им честиташе за досегашните големи резултати и им посака многу успеси во иднина и уште поголеми резултати на свеченоста при доделувањето на финансиските средства.
Лица кои се опфатени со оваа одлука се Фросина Атанасова од Лубница за постигнати врвни резултати на државно и балканско првенство во борење.
Спасија Василева од Конче за постигнати врвни резултати на државно и балканско првенство во борење.
Михаела Георгиева за освоено второ место на државно првенство во борење, потоа на Надица Петрушева и Кристијан Атанасов за освоено трето место на државно првенство во борење, како и на Димитар Атанасов за постигнати врвни резултати во борењето.
Висината на одобрените парични средства за оваа категорија изнесува 10.000 денари.

Висок придонес и залагање во областа на борењето кое резултати со постигнати високи резултати и доделување на парични средства од 10.000 денари за Марјан Христов, Ристе Зајков и Ердоан Осман.
Коста Манев, Игор Ристов, Ристе Милев, Андреј Коцев и Васе Ристов, добија по 5.000 денари за постигнати врвни резултати во фудбалот.

Божица Трајкова, Стефанија Ефтимова, Леонора Миланова, Леон Миланов, Ивона Петрушева, Стела Блажевска, Димитар Ристовски, Давид Велков, Илче Петрушев, Габриела Камчева и Еда Осман, добија по 3.000 денари за високи достигнувања на клупски турнири во борење.
Ова е уште една голема заложба на општина Конче за промоција и поддршка на младите спортски таленти на патот кон градењето на нивната професионална кариера.