Јубилејното 50-то издание на турнирот „Петровден“ влегува во својата кулминација. Од 34 екипи, остануваат само осум – најдобрите, најдисциплинираните и најгладните за успех. Во наредните два дена, теренот во Мешеишта ќе биде сцена на четири големи четвртфинални дуели, кои ќе одлучат кои тимови ќе се борат за медали и дел од рекордниот награден фонд од 500.000 денари.
Четвртфиналe – Среда, 9 јули 2025
21:00 | Брумел – Кафе Бар 9
Дуел меѓу дисциплинираната, компактна екипа на Брумел, која се потпира на силното семејно јадро со браќата Балоски, и брзата, технички поткована екипа на Кафе Бар 9, предводена од браќата Китрозоски и сигурниот голман Тони Прчакоски. Очекуван е фудбал со малку простор и висока тактичка борба.
22:00 | Аце Најдески – Хотел и Спа Инекс Олгица
Тимот на Аце Најдески важи за еден од најконстантните, со искусни играчи како Чорбе и Медароски, додека Хотел Инекс Олгица покажаа ментална цврстина и фудбалска зрелост во претходните мечеви. Со Оливер Митрески на голот, тимот има силна основа, а дуелот ветува неизвесност до последниот свиреж.
Четвртфиналe – Четврток, 10 јули 2025
21:00 | АСП Пак – Кампинг Љубаништа
Можеби и најочекуваниот дуел во оваа фаза – тимот на АСП Пак со стабилен состав, воден од Милошески, Ѓоргиески и Петрушески, против младата, енергична и брза екипа на Кампинг Љубаништа, каде блескаа браќата Џајкоски и Марио Крстески. Вистински судар на генерации и стилови.
22:00 | Сатеска – Кафе Бар Коко
Сатеска е веќе турнирски бренд – компактна и со моќна одбрана, на чело со голманот Јанчески, и искусниот голгетер Секулоски. Сатеска е шампопн од минатата година и го има товарат за одбрана на тронот во Мешеишта. Од друга страна, Кафе Бар Коко доминираше во групната фаза со офанзивен стил и распоредена игра. Со Соколов на голот и дуото Благоески – Левески, ова ќе биде вистинска „топка на жица“.
Состави на четвртфиналистите:
▶ АСП Пак: Милошески, Ѓоргиески, Угриноски, Петрушески, Пластиноски, Наумоски, Меди, Таулоски (г), Лолески, Петкоски
▶ Кампинг Љубаништа: С. Џајкоски, Л. Џајкоски, Китаноски, М. Крстески, Д. Крстески (г), Петрески, Митрески, Рахман, Рашит, Тоска
▶ Брумел: Х. Балоски, Д. Балоски, В. Балоски, Б. Балоски, Завојчески (г), Максути, Ковачески, Далчески, Будиноски, Рамадан
▶ Кафе Бар 9: Прчакоски (г), Цацаноски, Б. Китрозоски, Х. Китрозоски, Вранишкоски, Колоски, Ристовски, Цаноски, Богданоски, Ѓоргиевски
▶ Сатеска: Јанчески (г), Митрески, Н. Секулоски, Д. Скепароски, Н. Скепароски, Петрески, Симјаноски, Стоески, Нелоски, Цветаноски
▶ Кафе Бар Коко: Соколов (г), Левески, Благоевски, Антевски, Стојаноски, Крстевски, Б. Јанев, А. Јаневски, Димовски, Д. Јанев
▶ Аце Најдески: Чорбе, Г. Медароски, Ј. Медароски, Ламбески, Стојоски (г), Иваносki, Кордоски, Кочески, Илиески, Миткоски
▶ Хотел и Спа Инекс Олгица: Митрески (г), Стеваноски, Целески, Новичич, Димов, Ристески, Голабоски, Цветаноски, Каба, Мерко.
Атмосферата во Мешеишта е на врвно ниво – трибините се преполни, играчите мотивирани, а турнирот добива завршна форма на вистински спортски спектакл.
Спортска Мрежа и понатаму е медиумски покровител на настанот – останете со нас за резултати, видеа, интервјуа и целосна анализа на натпреварите од големото четвртфинале!