Прва лигаФудбал

Прволигашот Македонија ЃП се засили со искусниот Дарко Глишиќ!

Сподели
ФОТО: Македонија ЃП
Сподели

Триесет и тригодишниот Дарко Глишиќ е новото засилување во редовите на Ѓорче Петров. Минатата сезона тој настапуваше за Гостивар, каде што одигра солидна сезона и со своето искуство придонесе за стабилноста на тимот.

Искусниот лев бек е познат по својата дефанзивна сигурност, агресивен пристап и способност да се вклучи во нападот. Во текот на својата богата кариера настапувал за бројни македонски клубови, меѓу кои Скопје, Вардар, Тетекс и Шкупи. Неговиот квалитет го однесе и во странство, каде ги носеше дресовите на Олимпик Сараево , Динамо Тбилиси, Септември Софија, Арда, и Доха.

Со своето меѓународно и домашно искуство и лидерски квалитети, Глишиќ се очекува да биде важен играч во дефанзивата во тимот на Ѓорче Петров во новата натпреварувачка сезона. Од клубот веруваат дека неговото доаѓање ќе донесе дополнителен квалитет, сигурност и искуство.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Останато

Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист

Наградата за животно дело му припадна на Марин Докузовски, поранешен кошаркар и тренер, најтрофеен селектор на македонската репрезентација, која под негово водство го...

Останато

Министерот Ристовски оствари средба со новата претседателка на Скијачката федерација на Македонија, Ивана Ивчевска Трајчевски

Министерот за спорт, Борко Ристовски, оствари средба со новоизбраната претседателка на Скијачката федерација на Македонија (СФМ), Ивана Ивчевска Трајчевски. На средбата, министерот Ристовски...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Охрид ја држи есенската круна во свои раце, Пелистер и Работнички чекаат шанса

Охрид влегува во последните две редовни есенски кола како лидер и најсериозен...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!