Ракомет

Мартин Томовски нов голман на германскиот тим Битигхајм

Сподели
Сподели

Македонскиот ракометен голман Мартин Томовски од денес е ново засилување за германскиот тим Битигхајм, кој следната сезона ќе настапува во Втората Бундеслига.

Томовски, кој досега бранеше за Потсдам, стави потпис на договор со важност до 2027 година. Својата кариера ја започна во редовите на Металург, каде што стекна драгоцено европско искуство настапувајќи во Лигата на шампионите. Во 2019 година направи трансфер во германскиот Лудвигсхафен, а по две сезони се врати во татковината и го засили Вардар. Со „црвено-црните“ во 2022 година ги освои шампионската титула и Купот на Македонија.

Со неговиот потпис, Битигхајм јасно сигнализира дека амбициозно влегува во сезоната со цел враќање меѓу најдобрите германски клубови.

„Со ангажманот на Мартин добивме интернационално искусен голман, кој веќе покажа дека може да брани на високо ниво во Бундеслигата. Тој остави одличен впечаток и на теренот и надвор од него, и веруваме дека ќе биде клучен играч во нашата мисија за враќање во Првата лига“, изјави извршниот директор на клубот, Бастиан Шпајлингер.

Членот на македонската репрезентација, кој има настапи на СП 2021 и ЕП 2024, не го криеше задоволството од новата страница во својата кариера:

„Среќен сум што доаѓам во Битигхајм. Минатата сезона имав можност да играм против нив и веднаш ги препознав квалитетите на тренерот Икер Ромеро. Разговорот со него беше пресуден – имаме исти цели и јасно дефиниран план, затоа сум уверен дека направив вистински избор“, рече Томовски.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Тиквеш размислува само на победа денеска

Екипата на Тиквеш од Кавадарци на домашен терен денеска во рамките на новото 23. коло од шампионатот, ќе го пречека тимот на Шкупи....

Прва лигаФудбал

Цуцули: Не очекува тежок натпревар против Шкендија, но мора да реагираме како тим

Екипата на Арсими  во рамки на 23. коло од Првата  Фудбалска лига ќе се соочи со Шкендија  во Тетово. Иако гостиварскиот тим е...

Поврзани написи
Ракомет

Моралес: „Во второто полувреме влеговме многу пофокусирано“

Дербито меѓу Охрид и Алкалоид во плеј-офот од Супер Лигата заврши без...

Ракомет

Алкалоид поднесе жалба: Скандалозно судење на натпреварот против ГРК Охрид

Алкалоид ремизираше со Охрид во „Билјанини Извори“, откако двете екипи одиграа 27:27...

Ракомет

Прилеп со силен финиш го „скрши“ Куманово, Цветаноски блесна со осум гола

Ракометарите на Прилеп стигнаа до нова победа во плеј-аут фазата од Суперлигата,...

Ракомет

Пилиповиќ: „Покажавме карактер и се вративме по тежок почеток“

Дербито меѓу Охрид и Алкалоид во плеј-офот од Супер Лигата заврши без...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!