ИнтернационалциФудбал

Шкендија се враќа со реми од Велс – победникот ќе се одлучува во Скопје

Сподели
ФОТО: ФК Шкендија
Сподели

Македонскиот фудбалски шампион Шкендија одигра нерешено 0-0 на гостувањето кај ТНС (The New Saints) во првиот натпревар од воведната квалификациска рунда за пласман во Лигата на шампионите.

Средбата се одигра во Освестри, а „црвено-црните“ од Тетово иако беа благи фаворити, не успеаја да постигнат погодок, но со одличен голмански перформанс на Бабакар Гаје обезбедија солидна стартна позиција пред реваншот во Скопје.

ТНС подобро го отвори натпреварот и создаде неколку добри шанси преку Вилсон и Холден, но Шкендија брзо ја стабилизираше играта. Тамба, Вебстер и Фитон Адеми се заканија пред голот на домаќините, а најблиску до погодок беше Ване Крстевски во второто полувреме, но капитенот на ТНС Редмонд спасуваше од самата гол линија.

Вистински херој на натпреварот беше голманот Гаје, кој во неколку наврати блескаше со извонредни интервенции. Посебно се истакна во ситуација еден на еден против Вилсон, како и со одбраната на силен удар од 30 метри на Корнес. Благодарение на него, Шкендија остана непоразена и задржа реални шанси за пласман во следната рунда.

Тренерот Јетон Беќири направи неколку промени во вториот дел, меѓу кои и вклучувањето на ветеранот Бесарт Ибраими, како и освежувањето со Крстевски и Алхасан, кои донесоа нова енергија во завршницата.

Реваншот се игра идната среда во Скопје, каде Шкендија ќе има предност од домашниот терен и поддршката од публиката. Победникот од оваа двојка ќе обезбеди место во второто квалификациско коло од Лигата на шампионите.

Сподели

Не пропуштајте

Останато

Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист

Наградата за животно дело му припадна на Марин Докузовски, поранешен кошаркар и тренер, најтрофеен селектор на македонската репрезентација, која под негово водство го...

Останато

Министерот Ристовски оствари средба со новата претседателка на Скијачката федерација на Македонија, Ивана Ивчевска Трајчевски

Министерот за спорт, Борко Ристовски, оствари средба со новоизбраната претседателка на Скијачката федерација на Македонија (СФМ), Ивана Ивчевска Трајчевски. На средбата, министерот Ристовски...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Охрид ја држи есенската круна во свои раце, Пелистер и Работнички чекаат шанса

Охрид влегува во последните две редовни есенски кола како лидер и најсериозен...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!