Турнири

Фреинт Оне од Радовиш против Пица Ресторан Дивино од Бисилово во големото финале на „Благој Истатов 2025“

Сподели
Сподели

Екипите на Фреинт Оне од Радовиш и Пица Ресторан Дивино од Босилово ќе одат на мегдан во големото финале на меморијалниот турнир „Благој Истатов 2025“ каде ќе се борат за фантастична награда од 500.000 денари.

Екипата на Дивино вечерва со 4:1 славеше над Украс ИНГ од Неготино, во меч каде на почеток имаше голема борба, а потоа во вториот дел тимот од Босилово постигна погодоци во клучен момент и го реши мечот за конечни 4:1.

Во вториот полуфинален меч беше вистинска драма. Фреинт Оне го доби мечот со 5:3 против Украс Инг. Радовишани мечот го отворија со два гола предност, а потоа тимот од Неготино израмни на 2:2.

Публиката проследи и пресврти и атрактивно прво, но и второ полувреме, за на крај конечниот исход да биде 5:3 за Фреинт Оне.

Во генерација 2016/2017 екипата на Брера 1 загуби со минимани 0:1 од ЖФК Тиверија, додека пак во генерација 2013/2014 во регуларниот дел победник немаше откако Пица Делиција и Јанг Бојс одиграа 3:3, а во пенал серијата екипата на Пица Делиција беше подобра со 4:3.

Утре сите патишта ќе водат кон спортскиот терен во Чифлик Маало во Струмица, каде прво ќе се одигра финале во младинската категорија, а потоа ќе следува мечот за трето место од 21:30 часот и големото финале кое е закажано за во 22:30 часот.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останато

Деветгодишниот Михаил Бошковски – шампион во кик бокс, признание и од Општина Кичево

Деветгодишниот Михаил Бошковски – шампион во кик бокс, признание и од Општина Кичев Младиот кикбоксер Михаил Бошковски доби признание од Општина Кичево за...

Ракомет

Моралес: „Во второто полувреме влеговме многу пофокусирано“

Дербито меѓу Охрид и Алкалоид во плеј-офот од Супер Лигата заврши без победник, откако двете екипи одиграа 28-28 во салата „Билјанини извори“. Натпреварот...

Поврзани написи
Турнири

ФОТО: Атлетико 2021 победник на традиционалниот турнир „Св. Атанасиј Велики“ во Оризари

Во организација на фудбалската школа Академија Младост Тошев, во спортската сала во...

Турнири

Во сабота 9. издание на турнирот во мал фудбал „св. Атанасиј Велики“ во Оризари

Во сабота ќе се одржи деветтото издание на турнирот во сала „св....

Турнири

ВИДЕО: Финалето меѓу Дим Метал и Пицерија Дивино од „Стојаково 2025“

Екипата на Дим Метал го подигна шампионскиот пехар на турнирот во мал...

Турнири

ВИДЕО: Тими Инвест го освои турнирот во Речица под водство на Назиф Исмаили – Мурињо

Екипата на Тими Инвест, предводена од харизматичниот тренер Назиф Исмаили, познат меѓу...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!