Турнири

Познати сите четвртфиналисти на „Петровден 2025“ – следуваат пресметки на најдобрите!

Сподели
Сподели

Со два последни возбудливи меча, синоќа заврши осминафиналната фаза на јубилејното 50-то издание на турнирот „Петровден“ во Мешеишта. „Кафе Бар 9“ и „Сатеска“ беа последните што обезбедија билет за големата четвртфинална сцена, каде ќе ги одмерат силите со најдобрите екипи од досегашниот тек на натпреварувањето.

  • Резултати – осминафинале (вторник, 8 јули):

Кафе Бар 9 со зрел настап го совлада тимот на Гостилница Кај Мече со 2:0. Во најтесна завршница, Сатеска славеше минимално со 1:0 над борбениот тим на Чардак Велгошти

Со тоа, четвртфиналето е комплетно – вкупно осум екипи остануваат во трката за титулата и дел од рекордниот награден фонд од 500.000 денари!

  • 1/4 финале – распоред:

Среда, 9 јули 2025
21:00 | Брумел – Кафе Бар 9
22:00 | Аце Најдески – Хотел и Спа Инекс Олгица

Четврток, 10 јули 2025

21:00 | АСП Пак – Кампинг Љубаништа
22:00 | Сатеска – Кафе Бар Коко

Сè е поставено за вистински фудбалски спектакл – четвртфиналето ветува квалитет, тензија и борба до последен свиреж.

Спортска Мрежа – медиумски покровител на турнирот, со вас до самиот крај – следете нè за најбрзи извештаи, резултати и атмосфера директно од Мешеишта!

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Натпреварите од 21. коло на Втора лига

Денес со седум натпревари ќе биде отворено 21. коло во Втората фудбалска лига, а колото ќе се затвори утре со мечот меѓу Големо...

Ракомет

Ѓорче Петров како на тренинг против Астибо – триумф со 18 гола разлика!

Лесна, убедлива и рутинска победа за шампионот Ѓорче Петров, откако со 38:20 го доби Астибо во меч од 18. коло на ракометната Супер...

Поврзани написи
Турнири

ЦСКА Софија ја засилува елитата: Интернационал Мастерс Куп добива уште еден фудбалски гигант

Југоисточна Македонија во мај ќе биде во знакот на младинскиот фудбал, а...

Турнири

ФОТО: Атлетико 2021 победник на традиционалниот турнир „Св. Атанасиј Велики“ во Оризари

Во организација на фудбалската школа Академија Младост Тошев, во спортската сала во...

Турнири

Во сабота 9. издание на турнирот во мал фудбал „св. Атанасиј Велики“ во Оризари

Во сабота ќе се одржи деветтото издание на турнирот во сала „св....

Турнири

ВИДЕО: Финалето меѓу Дим Метал и Пицерија Дивино од „Стојаково 2025“

Екипата на Дим Метал го подигна шампионскиот пехар на турнирот во мал...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!