ИнтернационалциФудбал

Историски момент за ФС Охрид

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Голем момент за охридскиот фудбал и за Фудбалскиот сојуз на Охрид. Судиите од овој сојуз бележат нови и значајни успеси, но и признанија – едно од кои добива и европски сјај.

Претседател на ФС Охрид е Диме Попоски, а пак потпретседател е Драган Боцески.

Судијата Фатмир Бафто доби големо признание да биде четври судија на квалификациски натпревар од УЕФА Лигата на шампионите, што ќе се одигра во Грузија.

Ова е врв на една впечатлива судиска кариера, која започна на скромните терени во Општинската лига, за подоцна да стане респектиран арбитар во Првата македонска фудбалска лига, како во машка, така и во женска конкуренција.

Бафто, познат по својата професионалност, сериозност и фудбалска интуиција, е уште еден пример дека со работа, континуитет и посветеност, македонските судии можат да достигнат европско ниво.

Тој е и лиценциран VAR судија, а од Охрид истата лиценца ја поседува и неговиот колега Мишо Ѓеоргиески, кој е A VAR лиценциран судија.

Овој момент е доказ дека ФС Охрид станува значајна судиска база во рамките на македонскиот фудбал, бидејќи има сѐ повеќе судии кои активно судат во Прва и Втора лига, како во машка, така и во женска конкуренција. Дополнително, доста млади судии покажуваат интерес и напредуваат во нивниот развој како фудбалски судии.

“Голема благодарност до Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) и претседателот Масар Омерагиќ”, истакнаа од ФС Охрид за Спортска Мрежа.

Ваквиот развој претставува историски и мотивирачки поттик за сите млади судии, а ФС Охрид покажува дека има сериозен капацитет и визија за иднината.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Натпреварите од 21. коло на Втора лига

Денес со седум натпревари ќе биде отворено 21. коло во Втората фудбалска лига, а колото ќе се затвори утре со мечот меѓу Големо...

Ракомет

Ѓорче Петров како на тренинг против Астибо – триумф со 18 гола разлика!

Лесна, убедлива и рутинска победа за шампионот Ѓорче Петров, откако со 38:20 го доби Астибо во меч од 18. коло на ракометната Супер...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Натпреварите од 21. коло на Втора лига

Денес со седум натпревари ќе биде отворено 21. коло во Втората фудбалска...

Втора лигаФудбал

Како може Вардар Неготино до бараж за опстанок во Втора лига?

Десет кола до крајот, 30 бодови во игра и нов тренер –...

ИнтернационалциФудбал

Македонскиот репрезентативен голман Дамјан Шишковски останува во Борац до 2027

Македонскиот репрезентативен голман Дамјан Шишковски и официјално ја продолжи соработката со Борац...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!