Со две возбудливи пресметки вечерва, официјално започна елиминациската фаза на јубилејното 50-то издание на турнирот во мал фудбал „Петровден 2025“ во Мешеишта. Атмосферата на теренот и на трибините беше на врвно ниво, а двете екипи кои излегоа како победници веќе го чекаат својот противник во четвртфиналето.
Кампинг Љубаништа доминираше и со сигурни 4:0 го елиминираше тимот на Инитали, потврдувајќи ја фаворитската улога. Во еден од најнеизвесните натпревари досега, Брумел го победи тимот на Топлина со 2:3, во меч што се решаваше до последната минута.

Турнирот продолжува утре со уште три дуели, меѓу кои и мајсторката помеѓу Кафе Бар 9 и Бел Мерцедес. Натпреварите во Мешеишта влегуваат во највозбудливата фаза – без поправен испит!
Спортска Мрежа останува со вас на терен – со извештаи, резултати и атмосфера од најголемиот фудбалски настан во регионот!