ЕП 2025 жениФудбал

Шпанија главен фаворит за титулата ЕП 2025

Сподели
ФОТО: UEFA Women's EURO 2025 | facebook
Сподели

Денес почнува 14-то по ред Европско првенство во фудбал за жени.

Најголем фаворит за освојување на златото е Шпанија која е и актуелен светски првак од мундијалот во 2023 и освојувач на женската лига на нации во 2024.

Шпанките предводени од добитничката на златна топка Аитана Бонмати, Путељас и Паралуело го формираат најсилниот среден ред и напад на турнирот.

На второ место кај фаворитите е Англија,актуелен европски првак. И покрај неколкуте отсуства на клучни играчи како Мери Ерпс и Фран Кирби остануваат силен конкурент за титулата со Хемп,Волш и Стенвеј,а предводени од искусната Сарина Вигман на клупата.

Во потесниот круг на фаворити се и Германија и Франција, двете селекции со добри играчки ростери и амбиции за титула. Германија, најтрофејната нација во историјата на женските европски првенства (8 титули), е во фаза на подмладување, но со голема традиција.

Франција, пак, сака конечно да ја освои својата прва континентална круна.

Шведска, Холандија и Данска се сметаат за потенцијални изненадувања, додека домаќинот Швајцарија ќе се надева на поддршка од публиката за да стигне што подалеку.

Ова ЕП се очекува со рекорден број гледачи и медиумска покриеност и гледаност и фудбалски најквалитетно досега.

Гордана Кочева, Спортска Мрежа

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Пројковска на центарот во Радовиш, Јовановски ќе им суди на Саса и Новаци, Ѓоргиев оди во Струмица

Со седум натпревари в сабота ќе се отвори 21. коло на Втората македонска фудбалска лига, а ќе се затвори в недела со еден...

Младински фудбалФудбал

Кадетите на Вардар подобри во дербито против Работнички

Во дербито од 20. коло во Кадетската Супер лига, Вардар го совлада Работнички со 4:1 и го преземаа водството на табелата во оваа...

Поврзани написи
Младински фудбалФудбал

Кадетите на Вардар подобри во дербито против Работнички

Во дербито од 20. коло во Кадетската Супер лига, Вардар го совлада...

Младински фудбалФудбал

Младинскиот дуел на градските ривали му припадна на Вардар

Вардар и Работнички се соочија и во натпревар од 20. коло во...

Трета лигаФудбал

ФОТО: Брегалница Делчево со интензивни подготовки за дербито со Овче Поле

Екипата на Брегалница од Делчево интензивно се подготвува за неделното дерби со...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!