Прва лигаФудбал

Струга Трим Лум донесе интернационално засилување на голманската позиција!

Сподели
ФОТО: ФК Струга Трим Лум
Сподели

Прволигашот Струга Трим Лум го потврди своето прво засилување за новата сезона а тоа е италијанскиот голман Марко Анџелети. Дваесет и четиригодишниот чувар на мрежата пристигнува со цел да внесе дополнителна конкуренција на голманската позиција, како и свежина и искуство стекнато во Италија и на Гибралтар.

Анџелети е роден на 24 април 2001 година и потекнува од академијата на италијанскиот клуб Специја, каде ги мина сите младински категории. На 19-годишна возраст го оствари својот сениорски деби настап во тимот на Понтедера, а потоа бранеше за неколку екипи во пониските италијански лиги. Минатото лето се пресели во клубот Европа од Гибралтар, каде го мина последниот дел од својата кариера.

“Можам да кажам дека добивме голман со перспективи, голман за иднината. Со оглед на тоа што Италија секогаш произведува добри голмани, верувавме во Анџелети, за кого верувам дека ќе биде првиот италијански голман што ќе биде дел од Првата лига. Се надеваме дека брзо ќе се аклиматизира со тимот, кој од денес ќе ја започне фазата на подготовка за новата сезона”, рече спортскиот директор, Бесарт Исаку.

По завршувањето на својата интернационална авантура на Гибралтар, Анџелети одлучи да го прифати предизвикот и да ја продолжи кариерата во македонскиот шампионат. Понудата од Струга Трим Љум ја гледа како важен чекор напред и нова можност за напредок, а со голема мотивација и желба за докажување ќе се обиде да остави силен впечаток во Првата македонска фудбалска лига.

 

 

 

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Натпреварите од 21. коло на Втора лига

Денес со седум натпревари ќе биде отворено 21. коло во Втората фудбалска лига, а колото ќе се затвори утре со мечот меѓу Големо...

Ракомет

Ѓорче Петров како на тренинг против Астибо – триумф со 18 гола разлика!

Лесна, убедлива и рутинска победа за шампионот Ѓорче Петров, откако со 38:20 го доби Астибо во меч од 18. коло на ракометната Супер...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Натпреварите од 21. коло на Втора лига

Денес со седум натпревари ќе биде отворено 21. коло во Втората фудбалска...

Втора лигаФудбал

Како може Вардар Неготино до бараж за опстанок во Втора лига?

Десет кола до крајот, 30 бодови во игра и нов тренер –...

ИнтернационалциФудбал

Македонскиот репрезентативен голман Дамјан Шишковски останува во Борац до 2027

Македонскиот репрезентативен голман Дамјан Шишковски и официјално ја продолжи соработката со Борац...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!