Турнири

Започнува осминафиналето на „Благој Истатов 2025“ – нокаут фаза со дерби возбудувања и борба за четвртфинале!

Сподели
Сподели

По возбудливата и драматична групна фаза, турнирот во мал фудбал „Благој Истатов 2025“ влегува во својата завршна и највозбудлива етапа – нокаут фазата, каде веќе нема поправен. Секоја грешка значи елиминација, секој гол може да одлучи, а страстите на теренот ќе бидат поголеми од кога било досега.

Во рамки на осминафиналето, ќе се одиграат вкупно осум дуели, а првите три се закажани за среда, 2 јули:

  • Среда – 2 јули 2025 (први осминафинални натпревари)

21:00 | Дивино Босилово – Црна Река
22:00 | Фреинт Оне – Фурна Марфи
23:00 | ФК Дрвош – Фенербахче

  • Останатите дуели од осминафиналето ќе се одиграат во следните денови, според шемата:

Компанија Атанасовски – Украс ИНГ
Гостилница кај Џек – Тобако Лени Плус
Евро Тип – Еклектик
Агросмарт – Але Дар Премиум
Хотел Истатов – Еклер Транс

Инаку, вечерва беа одиграни последните натпревари од групната фаза. ФК Дрвош беше убедлив против Фурна Марфи со 4:1. Во вториот меч Фреит Оне загуби со 1:4 од Евротип, а пак третиот меч Еклер Транс го доби службено со Макс Бет (3:0).

Победниците од овие натпревари ќе обезбедат место во четвртфиналето, каде конкуренцијата ќе биде уште поостра, а целта – блиску до гламурозниот финален меч и наградниот фонд од еден милион денари, од кои првиот освојува 500.000 денари.

Сите резултати, анализа и ексклузивни содржини – следете ги само на Спортска Мрежа, медиумски покровител на Меморијалниот турнир „Благој Истатов 2025“.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Натпреварите од 21. коло на Втора лига

Денес со седум натпревари ќе биде отворено 21. коло во Втората фудбалска лига, а колото ќе се затвори утре со мечот меѓу Големо...

Ракомет

Ѓорче Петров како на тренинг против Астибо – триумф со 18 гола разлика!

Лесна, убедлива и рутинска победа за шампионот Ѓорче Петров, откако со 38:20 го доби Астибо во меч од 18. коло на ракометната Супер...

Поврзани написи
Турнири

ЦСКА Софија ја засилува елитата: Интернационал Мастерс Куп добива уште еден фудбалски гигант

Југоисточна Македонија во мај ќе биде во знакот на младинскиот фудбал, а...

Турнири

ФОТО: Атлетико 2021 победник на традиционалниот турнир „Св. Атанасиј Велики“ во Оризари

Во организација на фудбалската школа Академија Младост Тошев, во спортската сала во...

Турнири

Во сабота 9. издание на турнирот во мал фудбал „св. Атанасиј Велики“ во Оризари

Во сабота ќе се одржи деветтото издание на турнирот во сала „св....

Турнири

ВИДЕО: Финалето меѓу Дим Метал и Пицерија Дивино од „Стојаково 2025“

Екипата на Дим Метал го подигна шампионскиот пехар на турнирот во мал...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!