Турнирот во Мешеишта влезе во самиот финиш на групната фаза, а вечерва три натпревари беа исполнети со голови, темпо и доминација од страна на најдобрите. Атмосферата повторно беше на врвно ниво – полни трибини, громогласна публика и фудбал за паметење.
Хотел и Спа Инекс Олгица во одличен меч славеше против Виена Комерц со 6:3, обезбедувајќи клучни бодови. Вила Мина – Ќе има сè ја прегази екипата на Петровден Мешеишта со убедливи 6:1 – една од најубедливите партии досега. Сатеска повторно потврди дека е тим со највисоки амбиции, совладувајќи ја Фурна Настоски и Форт Кафе со 2:6
Формациите се кристализираат, а турнирот секој ден станува сè поинтензивен. Борбата за елиминациите е во тек, утре исто така нè очекуваат пресметки кои ќе ги дадат последните одговори за четвртфиналето.
- Распоред за среда, 2 јули:
20:30 | Др. Баткоски – АСП Пак
21:30 | Чардак Велгошти – Типлери
22:30 | Бел Мерцедес – Хотел и Спа Инекс Олгица

Сите три натпревари носат огромна тежина – пласманот понатаму зависи од секој меч.
Спортска Мрежа како официјален медиумски покровител, останува на лице место со најбрзи извештаи и фотографии – директно од центарот на фудбалските возбудувања во Македонија!