По две недели исполнети со интензивни натпревари, возбудлива игра и одлична публика, Меморијалниот турнир во мал фудбал во Лабуништа заврши на несекојдневен начин. Тимот на Бинај е новиот шампион за 2025 година, откако во финалето против Кафе Бар Лавадо, при резултат 1:1, противникот го напушти теренот на 36 секунди до крајот од натпреварот.
Со тоа, согласно правилникот, титулата му беше доделена на тимот на Бинај, кој изненади многумина со своите настапи низ елиминационата фаза и на крајот ја круниса својата приказна со злато.
Во спектакуларен дуел за третото место, Бербер Шоп Мухаммед ја победи екипата на Златара Бени Ерол со 8:5. Мечот понуди голови, технички потези и фер борба, а двете екипи се простија од турнирот со достоинство и аплаузи од трибините.
🏆 КОНЕЧЕН ПЛАСМАН – МЕМОРИЈАЛЕН ТУРНИР ЛАБУНИШТА 2025
🥇 1. место: Бинај
🥈 2. место: Кафе Бар Лавадо
🥉 3. место: Бербер Шоп Мухаммед
Турнирот, кој се играше во чест на Башким Салкоски, Шериф Сефиданоски и Беким Бајрамоски, уште еднаш ја покажа својата вредност како спортско-социјален симбол во Лабуништа. Под организација на Шабан Кормакоски, во текот на повеќе од две недели се одиграа десетици натпревари во шест групи, а стотици љубители на фудбалот секоја вечер беа присутни да дадат поддршка на тимовите.

💰 Награден фонд:
место – 2.000 евра
место – 700 евра
место – 300 евра

Спортска Мрежа со гордост беше медиумски покровител на овој турнир и секојдневно ви ги носеше резултатите, известувањата и најдобрите моменти.
