Турнири

Пријавите се во тек: „Подареш 2025“ носи летен фудбалски спектакл со награден фонд над 300.000 денари!

Сподели
ФОТО: Михаилов
Сподели

Летниот фудбалски дух повторно ќе завладее со Подареш! Во селото од општина Радовиш започнаа пријавите за второто издание на турнирот во мал фудбал „Подареш 2025“, кој оваа година ветува уште поголемо возбудување и награден фонд кој надминува 300.000 денари!

🎯 Турнирот ќе се игра по систем 5+1, според футсал правила, а учеството по екипа изнесува 4.000 денари.

📆 Пријавувањето трае до 2 август 2025 година, а заинтересираните можат да се пријават на телефонскиот број 078/346-208 (Александар).

📅 Ждрепката е закажана за 3 август, а првиот свиреж на турнирот ќе се случи на 5 август. Финалната вечер ќе се одигра на 27 август, кога ќе биде крунисана шампионската екипа.

💰 Награди за најдобрите екипи:

🥇 1. место – 150.000 денари

🥈 2. место – 75.000 денари

🥉 3. место – 35.000 денари

🏅 4. место – 20.000 денари

🏆 Ќе бидат доделени и индивидуални награди (по 5.000 денари) во следниве категории:

Најдобар играч

Најдобар голман

Најдобар стрелец

Најдобар млад играч

✨ За првпат, Спортска Мрежа е официјален медиумски покровител на овој настан и ќе обезбеди ексклузивни преноси во ЖИВО од полуфиналето и финалето, како и редовни извештаи и галерии од сите натпревари.

Не ја пропуштајте шансата да бидете дел од најатрактивниот фудбалски турнир во регионот – „Подареш 2025“ носи спорт, страст и незаборавна летна атмосфера!


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останато

Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист

Наградата за животно дело му припадна на Марин Докузовски, поранешен кошаркар и тренер, најтрофеен селектор на македонската репрезентација, која под негово водство го...

Останато

Министерот Ристовски оствари средба со новата претседателка на Скијачката федерација на Македонија, Ивана Ивчевска Трајчевски

Министерот за спорт, Борко Ристовски, оствари средба со новоизбраната претседателка на Скијачката федерација на Македонија (СФМ), Ивана Ивчевска Трајчевски. На средбата, министерот Ристовски...

Поврзани написи
Турнири

ФК Кул со четири генерации доаѓа на Ohrid Winter Cup и носи силна конкуренција

Фудбалскиот клуб Кул од Скопје го потврди учеството на Ohrid Winter Cup,...

Турнири

Џокер од Фурка го потврди учеството на Ohrid Winter Cup со талентираната генерација 2012

Фудбалскиот клуб Џокер од Фурка, кај Дојран, е потврден учесник на Ohrid...

Турнири

Екипи од четири држави доаѓаат на Ohrid Winter Cup 2026, пријавувањето продолжува интересот ОГРОМЕН, услови одлични!

Голем број екипи од Македонија веќе пријавија учество на меѓународниот детски фудбалски...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!