Екипата на Фенербахче од Кичево е победник на „Црнилиште Куп 2025“. Шампионскиот пехар завршува во витрините на клубот кој прикажа тотална доминација од првиот натпревар, па сè до големото финале.
Вечерва, покрај доделувањето на шампионскиот пехар на Фенербахче, беа прогласени и најдобрите поединци на турнирот:
🏅 Најдобар стрелец: Блеранд Ќамили (Озан Ајаз)
🏅 Најдобар играч: Марио Благојевски (Фенербахче)
🏅 Најдобар тренер: Назиф Исмаили (Zgjimi Kompani)
🏅 Најдобар голман: Илчо Ѓорѓиоски (Роденденски Пињати)
Спортска Мрежа и годинава беше медиумски покровител на овој спортски настан. „Црнилиште Куп 2025“ уште еднаш потврди дека е еден од најдобро организираните турнири во мал фудбал во земјава – турнир кој ги собира најдобрите екипи од цела Македонија, турнир од кој сите заминуваат среќни и задоволни.
Публиката имаше можност секоја вечер да ужива во атрактивни натпревари, а прилепското село Црнилиште изминатите денови живееше во знакот на фудбалот.
Ние од редакцијата на Спортска Мрежа имавме чест да ја пренесеме атмосферата од почетокот до крајот на ова незаборавно издание.
До следната година и новото издание – „Црнилиште Куп 2026“, спортски поздрав од организаторите и од нас!