Турнири

Младите надежи на Осогово со настап на „Football Summer MINI CUP“ во Богданци

Сподели
Сподели

Младите категории на ГФК Осогово од Кочани викендов ќе го претставуваат клубот на првото издание на „Football Summer MINI CUP“ – турнир за млади фудбалери што ќе се одржи оваа сабота и недела на Градскиот стадион во Богданци.

Дел од младиот тим на Осогово веќе од денеска престојува на камп во Дојран, каде се подготвуваат за турнирот. На кампот присуствуваат деца родени од 2012 до 2016 година, кои се под водство на тренерот Тоде Митев.

На турнирот во Богданци, ГФК Осогово ќе учествува во неколку возрасни категории односно генерација 2013 каде ќе настапи со Вардарски и Дрим Тим во групата А. Во генерација 2014 екипата на Осогово е во групата Б со Кожуф и Вардарски.

Ова учество претставува одлична можност за младите фудбалери од Кочани да стекнат ново искуство, да се соочат со врсници од други клубови и да го почувствуваат натпреварувачкиот дух во позитивна и едукативна средина.

 

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

„На крилјата на навивачите да стигнеме до финалето!“ – порака од Иванковиќ пред битката со Целје

Охрид е на прагот на историски момент – натпревар што може да ја однесе екипата во финалето на ЕХФ Европскиот Куп и да...

Ракомет

Ројевиќ: „Сите заедно ја пишуваме историјата!“ – повик за спектакл во Охрид!

Охрид е пред натпревар кој може да ја одбележи сезоната – реваншот против Целје во полуфиналето на ЕХФ Европскиот Куп носи шанса за...

Поврзани написи
Турнири

Интернационал Мастерс Куп 2026 расте: Пансерраикос и АК Фудбала 11 нови имиња на турнирот

Југоисточна Македонија во месец мај повторно ќе биде во знакот на младинскиот...

Турнири

Охрид Куп 2026 – Зошто сè повеќе екипи го избираат овој турнир?

Во време кога младинскиот фудбал сè почесто се сведува на резултати и...

Турнири

Чукарички пристигнува во Македонија: белградскиот клуб дел од Интернационал Мастерс Куп 2026

Југоисточна Македонија во месец мај ќе биде во знакот на младинскиот фудбал,...

Турнири

Зошто „Охрид Куп 2026“ е вистинскиот избор за вашата екипа?

Во време кога младинскиот фудбал сè повеќе се сведува на резултати и...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!