На плоштадот „Илирија“ во Тетово, свечено беше отворено годинешното издание на БВА Балканскиот шампионат во одбојка на песок до 22 години мажи и жени. Вкупно 15 екипи од шест балкански земји овие три дена ќе понудат талент, фер-плеј и спортско уживање на македонската одбојкарска јавност, особено на жителите на Тетово.
На свеченото отворањето присуствуваа и се обратија градоначалникот на Тетово, Биљал Касами како домаќин на шампионатот, претседателот на Одбојкарската федерација на Македонија, Петар Јовановски, министерот за спорт Борко Ристовски и првиот заменик на Владата Изет Меџити. Заедничката порака која ја упатија е дека „спортот е заеднички јазик меѓу народите“, кој обединува и ја продлабочува соработката меѓу балканските земји.
Македонија веќе традиционално е организатор на БВА Балканските шампионати во одбојка на песок за помлади категории на играчи, кои се вистинска летна атракција за љубителите на одбојката.