Турнири

Тобако Лени моќен, Хотел Истатов со реми и убедлива победа – уште една динамична вечер на „Благој Истатов 2025“

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа, забрането превземање
Сподели

Турнирот во мал фудбал „Благој Истатов 2025“ продолжи со нови возбудувања на теренот во Чифлик маало – Струмица, а вечерта донесе голови, изненадувања и важни бодови во битката за пласман понатаму.

Тобако Лени Плус демонстрираше доминација во дуелот со Серта Конче, славејќи со убедливи 1:7. Тимот прикажа компактна игра и ефикасна реализација, освојувајќи три клучни бода во групата Б.

Првиот од двата натпревари на Хотел Истатов заврши без победник – 2:2 против Украс ИНГ. Натпреварот беше тактички тврд, со изедначен притисок и поделба на бодовите која остава отворена трка во групата Г.

Во последниот меч од вечерта, Хотел Истатов експлодираше во нападот и го совлада тимот на Христ Мил со убедливи 6:1, враќајќи ја самодовербата и позицијата во групата по ремито претходно.

Турнирот добива сè појасна слика за пласманот во елиминациите, а битката за титулата и наградниот фонд продолжува со несмалено темпо.

Сите резултати, табели и анализа – следете ги само на Спортска Мрежа, медиумски покровител на Меморијалниот турнир „Благој Истатов 2025“.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Македонија загуби од Грција во Халкида!

Македонската машка ракометна репрезентација го претрпе првиот пораз во квалификациите за Европското првенство во 2028 година, откако на гостувањето во Халкида загуби од...

Трета лигаФудбал

(ФОТО) Победа Валандово се одвои на врвот, Овче Поле со осум гола во Карбинци, „рударите“ ги освоија бодовите во Дојран

Победа Валандово го доби дербито со Академија Огражден во Ново Село со 1:0 и по 9. коло во Третата лига – Регион 3...

Поврзани написи
Турнири

Екипи од четири држави доаѓаат на Ohrid Winter Cup 2026, пријавувањето продолжува интересот ОГРОМЕН, услови одлични!

Голем број екипи од Македонија веќе пријавија учество на меѓународниот детски фудбалски...

Турнири

(ФОТО) Power Team го освои првиот Меморијален турнир „Горан Трајчев“ во Кратово

Екипата на Power Team е победник на првиот Меморијален турнир во мал...

Турнири

Охрид подготвен за нова фудбалска приказна: Од 5 до 8 декември ќе се одржи Ohrid Winter Cup 2026

Охрид во зимски амбиент ќе биде домаќин на меѓународниот младински фудбалски турнир...

Турнири

Меморијалниот турнир „Жарко Кузмановски“ со награден фонд од 250.000 денари – Брвеница подготвува голем фудбалски спектакл

Брвеница и оваа година ќе биде домаќин на Меморијалниот турнир „Жарко Кузмановски“,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!