Турнири

ВИДЕО: Озан Ајаз, Роденденски Пињати, Фенербахче и Zgjimi Kompani во полуфиналето на „Црнилиште Куп 2025“

Сподели
Сподели

Познати се полуфиналистите на „Црнилиште Куп 2025“ откако вечерва беа одиграни натпреварите од четвртфиналето кои понудија неверојатна атмосфера, а публиката проследи и пенал серија.

Во првиот натпревар беа постигнати шест погодоци, реми на Галатасарај и Озан Ајаз во регуларниот дел, а во пенал-серијата поуспешна беше екипата на Азан Ајаз која со 3:1 триумфираше со ударите од белата точка и обезбеди полуфинале на „Црнилиште Куп 2025“.

Вториот натпревар беше вистинско дерби каде беше неизвесно до самиот финиш од натпреварот. Фасада Чајник немаше среќа и беше поразена со 1:2 од Роденденски Пињати со што тимот обезбеди полуфинале.

Во третиот натпревар беа постигнати шест погодоци за триумф на екипата на Фенербахче од 4:2 над Даути Градба. Овој натпревар беше со најмногу погодоци, но и меч каде имаше поголема резултатска предност.

Во последниот меч патникот за полуфинале беше решен со еден гол, откако екипата на Zgjimi Kompani со минимални 1:0 ја доби Пилана Жарко.

Во полуфиналето ќе се соочат Озан Ајаз против Роденденски Пињати, а пак Фенербахче оди на мегдан со Zgjimi Kompani, а полуфинални соочувања се играат утре.

Спортска Мрежа е медиумски покровител на овој спортски настан.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Вардар постави откупна клаузула од 1.500.000 евра за Роџерс Касим Мато

Есенскиот првак во Првата македонска фудбалска лига, Вардар, официјално соопшти дека Управата на клубот донела одлука да утврди откупна клаузула во износ од...

Втора лигаФудбал

Второлигашот Шкендија Арачиново се засили со големиот талент Зани Назифи

Второлигашот Шкендија Арачиново го промовираше петтото зимски засилување во своите редови, откако официјално го претстави Зани Назифи како нов играч. Се работи за...

Поврзани написи
Турнири

ВИДЕО: Финалето меѓу Дим Метал и Пицерија Дивино од „Стојаково 2025“

Екипата на Дим Метал го подигна шампионскиот пехар на турнирот во мал...

Турнири

ВИДЕО: Тими Инвест го освои турнирот во Речица под водство на Назиф Исмаили – Мурињо

Екипата на Тими Инвест, предводена од харизматичниот тренер Назиф Исмаили, познат меѓу...

Турнири

Пицерија Дивино и Дим Метал во големото финале на турнирот “Стојаково 2025” 

Синоќаа беа одиграни полуфиналните натпревари на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“,...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!