Вечерва на спортскиот терен во Чифлик Маало беа одиграни четири натпревари на Меморијалниот турнир во мал фудбал „Благој Истатов 2025“, два меча беа во сениорска конкуренција, а два натпревари кај младите фудбалски надежи.
Вечерта беше отворена со два натпревари на младите фудбалски таленти. Екипата на КФМ Валандово со 3:0 го доби лесно тимот на Тигри, а пак на вториот меч екипата на Серта Конче загуби од Алу Пласт Васил со 1:7.
Во сениорска конкуренција публиката проследи два атрактивни натпревари со многу погодоци. Дрвош и Еклектик ги поделија бодовите откако одиграа 3:3 во ефикасен меч од аспект на голови со шанси и на двете страни, па можеби ремито и беше најреален исход.
Екипата на Але Дар Премиум со убедливи 8:0 го декласираше составот на Еклер Транс во меч на тотална доминација на победникот кој прикажа допадлив фудбал.

Фудбалските возбудувања на „Благој Истатов 2025“ продолжуваат и утре со нови натпревари, а Спортска Мрежа е медиумски покровител на овој спортски настан.