Турнири

(ФОТО) АСП Пак го збриша Чардак Велгошти, Ночелино до важни бодови – турнирот „Петровден 2025“ влегува во завршна фаза од групите!

Сподели
Сподели

Понеделничката вечер во Мешеишта донесе нови три натпревари исполнети со темпо, фудбалска зрелост и резултати кои може да бидат клучни за развојот на групната фаза на јубилејниот турнир „Петровден 2025“.АСП Пак повторно блескаше и ја совлада екипата на Чардак Велгошти со 6:2, забележувајќи уште една убедлива победа. Ночелино успеа да го изненади тимот на Компани Стојкоски и славеше со 1:2, запишувајќи вредни бодови, додека пак екипата на Инитали одигра цврсто и сигурно, победувајќи ја Блу Фиш со 2:0.

Со ова, неколку групи добиваат сѐ појасни контури, а борбата за пласман во нокаут фазата станува сè поинтензивна. АСП Пак е веќе сериозен кандидат за освојување на турнирот.

  • Распоред за вторник, 24 јуни:

20:30 | Игор Бенд Бушиноски – Топлина
21:30 | Бел Мерцедес – Виена Комерц
22:30 | Петровден Мешеишта – Пекара Илинче

Се ближи крајот на групната фаза, а секој меч станува одлучувачки. Публиката продолжува да ја исполнува трибината до последно место, а атмосферата во Мешеишта е вистинска спортска магија. Спортска Мрежа останува на теренот – со резултати, фотографии и извештаи од секој натпревар!

 

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора женска фудбалска лигаФудбал

(ФОТО) ЖФК Борец достојно ја претставува Македонија во Торино: Велешанки дел од силен меѓународен турнир во Италија

Женскиот фудбалски клуб Борец од Велес достојно ги брани боите на Македонија на престижен меѓународен турнир кој се одржува на 27 и 28...

Останато

Стартуваат квалификациите на Macedonian Open 2026

Од денес на терените на ТК Југ во Градски парк во Скопје ќе стартуваат квалификациите за годинашново издание на Macedonian Open 2026. Турнирот...

Поврзани написи
Турнири

Бирлик Конче со убедлива победа над Хасан Бум на турнирот „Конче 2026“

Вечерва на турнирот во мал фудбал „Конче 2026“ се одиграа два ревијални...

Турнири

АСП Пак до службена победа, Кафе Бар Слобода и Етно ресторан Дедо Димо ги „искинаа“ мрежите

Вечерва се одиграа два од три натпревари на турнирот во мал фудбал...

Турнири

Озан Ајаз го освои турнирот „Црнилиште Куп 2026“, мечот за трето место се решаваше на пенали

Екипата на Озан Ајаз е победник на овогодинешното издание на турнирот во...

Турнири

Zo-Ell се намачи, Ozan Ajaz полесно до финале на „Црнилиште Куп 2026“

Zo-Ell и Ozan Ajaz обезбедија место во големото финале на турнирот во...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!