Успешно заврши третото издание од Меѓународниот турнир „Некст Левел 2025“ во Охрид, а на кој учество земаа екипи од Македоија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Бугарија, Романија и Турција.
Турнир кој пополека не само што ја освои Македонија, туку и Балканот и целиот регион, а годинава го имаше своето најмасовно издание.
Поранешниот професионален фудбалер Александар Живковиќ, за Спортска Мрежа вели дека „Некст Левел 2025“ е турнир кој има голема и многу добра организација, му се допаѓа тоа што е прецизно организирано, што се почитува распоредот и што секоја екипа знае на кој терен треба да игра.
Живковиќ низ својата кариера настапуваше за Раднички Ниш, гигантот Партизан, Рад Белград, Обилиќ, ОФК Белград и Вождовац во родната Србија, додека пак во странство кариерата успешно ја градеше во Јапонија настапувајќи за Џубило Ивата, како и во Кина настапувајќи за екипите на Шандонг Луненг, Шенжен Руби и Гуангжоу Р&Ф.
- ИЗЈАВА НА ЖИВКОВИЌ ЗА „НЕКСТ ЛЕВЕЛ 2025“ И НЕГОВИТЕ ПОЗИТИВНИ ИМПРЕСИИ: