ФудбалЧетврта лига

ФК Огражден продолжува со засилувања: Претставени Костадин Наковски и Адам Зимбаков

Сподели
Сподели

Фудбалскиот клуб Огражден од Ново Село кој во новата сезона ќе се натпреварува во Општинската фудбалска лига во Струмица претстави уште две нови засилувања.

Се работи за Костадин Наковски, кој се приклучува во стручниот штаб и како фудбалер, а беше претставен и Адам Зимбаков како шесто засилување во „црно-жолтата“ фамилија.

Претходно, како што веќе информираше Спортска Мрежа екипата на Огражден беше засилена со Никола Јарков, Спасе Терзиев, Никола Трајков и Александар Коцев, а шанса ќе добиваат и сите млади играчи.

Во следниот период ќе бидат познати сите екипи кои ќе учествуваат во Општинската фудбалска лига во Струмица, која по неколку години пауза одново се реактивира.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Натпреварите од 21. коло на Втора лига

Денес со седум натпревари ќе биде отворено 21. коло во Втората фудбалска лига, а колото ќе се затвори утре со мечот меѓу Големо...

Ракомет

Ѓорче Петров како на тренинг против Астибо – триумф со 18 гола разлика!

Лесна, убедлива и рутинска победа за шампионот Ѓорче Петров, откако со 38:20 го доби Астибо во меч од 18. коло на ракометната Супер...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Натпреварите од 21. коло на Втора лига

Денес со седум натпревари ќе биде отворено 21. коло во Втората фудбалска...

Втора лигаФудбал

Како може Вардар Неготино до бараж за опстанок во Втора лига?

Десет кола до крајот, 30 бодови во игра и нов тренер –...

ИнтернационалциФудбал

Македонскиот репрезентативен голман Дамјан Шишковски останува во Борац до 2027

Македонскиот репрезентативен голман Дамјан Шишковски и официјално ја продолжи соработката со Борац...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!