Прва лигаФудбал

Работнички го претстави Флоријан Кадриу

Сподели
ФОТО: ФК Работнички
Сподели

Прволигашот Работнички претстави ново засилување за новата сезона, се работи за Флоријан Кадриу, кој стави потпис на договор од една година со опција се продолжување на уште една година со „романтичарите“.

Се работи за 29-годишен напаѓач кој во клубот од Дебар Маало доаѓа од Шкупи, а низ својата кариера настапуваше и за Ренова, Влазерими и Струга, а во минатото беше исто така дел од Работнички, па ова за него е враќање меѓу „романтичарите“.

Има настапувано за Тирана, Теута и Ерзени од Албанија, како и за Сабаил од Азербејџан и Атирау од Казахстан.

Работнички добива вистинско освежување во своите редови, а тимот се подготвува за квалификациите во Конференциската лига на УЕФА за тимот на Торпедо Белаз од Белорусија.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Стојанов ќе им суди на Арсими и Вардар, Илиоски главен во Битола, Пилешков во Кавадарци

Утре со два меча стартува 24. коло на Првата македонска фудбалска лига, а со по два меча во сабота и недела ќе се...

Кошарка

Струмица голем фаворит, Вардар ќе го предизвикува Бутел, Соколи на незгодно гостување во Прилеп

Првата македонска лига продолжува со шестото коло во ТОП 8 фазата, кое ќе се игра во текот на претстојниот викенд. Новите четири натпревари...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Стојанов ќе им суди на Арсими и Вардар, Илиоски главен во Битола, Пилешков во Кавадарци

Утре со два меча стартува 24. коло на Првата македонска фудбалска лига,...

Втора лигаФудбал

Горан Тодорчев повторно на кормилото на Вардар Неготино – опстанок преку баражот е главна цел

Второлигашот Вардар Неготино во продолжението од сезоната, каде што ќе се води...

Втора лигаФудбал

„Рибар“ и „пират“ на врвот на листата на најдобри стрелци во Втора лига!

По 20 кола во Втора лига продолжува битката кој да биде најдобар...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!