Прволигашот Работнички втората фаза од летните подготовки за новата сезона и за европското лето ќе ја одработи во Охрид.
Тимот замина во градот покрај Езерото, каде ќе остане во наредните седум дена, а каде ќе се одиграат и два пријателски натпревари.
Работнички предводен од новиот стратег Бојан Маркоски ќе ја темпира формата против Партизани Тирана во Струга на 24 јуни со почеток од 17:30 часот, а пак во Охрид ќе се тестира со Балкани со почеток од 16 часот.