Вечерва на Меморијалниот турнир „Благој Истатов“ во Струмица беа одиграни два натпревари во сениорска конкуренција и два меча во младинските категории.
Во вториот меч Агро Смарт со убедливи 4:1 го декласираше составот на Украс ИНК во меч на тотална доминација.
Публиката уживаше во третиот меч кој беше вистинска атракција, а ја приреди екипата Фурна Марфи од Радовиш, која со 4:2 преку пресврт славеше голема победа над Еклектик.
Екипата на Еклектик имаше два гола предност, а потоа радовишани заиграа многу подобро и брзо направија 2:2, а тоа понуди неизвесен финиш, во кој Фурна Марфи постигна уште два гола за конечни 4:2 и голема пресврт.
Кај младинските категории Бутик Авелино со 14:0 го декласираше составот на Кобри, а пак Интер Кукла со 3:1 дојде до триумф над Феникс.
Спортска Мрежа е медиумски покровител на овој спортски настан во Струмица.