Турнири

„Црнилиште куп 2025“ – започна осминафиналето: Роденденски Пињати и Даути Градба меѓу најдобрите осум!

Сподели
Сподели

Турнирот во мал фудбал „Црнилиште Куп 2025“ влезе во највозбудливата фаза – осминафиналето, кое официјално започна вечерва со два драматични натпревари што понудија изедначеност, борба до последен свиреж и неизвесност од белата точка.

Во првиот меч, Роденденски Пињати и Теа Андреа одиграа нерешено 1-1 во регуларниот дел. Победникот се одлучуваше преку пенали, каде Роденденски Пињати беа посконцентрирани и славеа со 2-0, изборувајќи пласман во четвртфиналето.

Вториот дуел помеѓу FOX и Даути Градба заврши без голови (0-0), но пеналите понудија вистинска голгота. По драматична серија, Даути Градба триумфираше со 6-5 и заслужено се пласираше во четвртфиналето.

Со овие резултати, Роденденски Пињати и Даути Градба се првите четвртфиналисти на „Црнилиште Куп 2025“.

  • Пињати ќе го чекаат подобриот од пресметката Ozan Ajaz – Karishiq Bau,

  • додека Даути Градба ќе го следи исходот од Galop – Fenerbahçe, каде што ќе го добие својот четвртфинален противник.

Осминафиналето продолжува со уште поатрактивни дуели, а секој натпревар носи нова шанса за слава или елиминација.

Спортска Мрежа е медиумски покровител на „Црнилиште Куп 2025“.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останато

Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист

Наградата за животно дело му припадна на Марин Докузовски, поранешен кошаркар и тренер, најтрофеен селектор на македонската репрезентација, која под негово водство го...

Останато

Министерот Ристовски оствари средба со новата претседателка на Скијачката федерација на Македонија, Ивана Ивчевска Трајчевски

Министерот за спорт, Борко Ристовски, оствари средба со новоизбраната претседателка на Скијачката федерација на Македонија (СФМ), Ивана Ивчевска Трајчевски. На средбата, министерот Ристовски...

Поврзани написи
Турнири

ФК Кул со четири генерации доаѓа на Ohrid Winter Cup и носи силна конкуренција

Фудбалскиот клуб Кул од Скопје го потврди учеството на Ohrid Winter Cup,...

Турнири

Џокер од Фурка го потврди учеството на Ohrid Winter Cup со талентираната генерација 2012

Фудбалскиот клуб Џокер од Фурка, кај Дојран, е потврден учесник на Ohrid...

Турнири

Екипи од четири држави доаѓаат на Ohrid Winter Cup 2026, пријавувањето продолжува интересот ОГРОМЕН, услови одлични!

Голем број екипи од Македонија веќе пријавија учество на меѓународниот детски фудбалски...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!