Турнири

Во тек се пријавите за турнирот во мал фудбал „Подареш 2025“ – награден фонд над 300.000 денари!

Сподели
ФОТО: Михаилов
Сподели

Фудбалскиот адреналин повторно се враќа во селото Подареш, општина Радовиш! Пријавите за второто издание на големиот турнир во мал фудбал „Подареш 2025“ се веќе отворени, а оваа година организаторите најавуваат спектакл каков што не сме виделе до сега – со наградeн фонд што надминува 300.000 денари!

Пријавувањето трае до 2 август 2025 година, а може да се пријавите на 078/346-208 кај Александар.

Турнирот ќе се игра по систем 5+1, според футсал правила, а учеството чини 4.000 денари по екипа. За најдобрите следуваат високи парични награди:

🥇 1. место – 150.000 денари
🥈 2. место – 75.000 денари
🥉 3. место – 35.000 денари
🏅 4. место – 20.000 денари

  • Дополнително ќе бидат доделени и индивидуални награди (по 5.000 денари) за:
    ⭐ Најдобар играч
    🥅 Најдобар голман
    🎯 Најдобар стрелец
    🌟 Најдобар млад играч

Ждрепката ќе се одржи на 3 август, а турнирот започнува на 5 август, со големото финале на 27 август 2025. Не ја пропуштајте шансата да бидете дел од најатрактивниот летен спортски настан во регионот! „Подареш 2025“ ветува квалитетен фудбал, незаборавна атмосфера и вистинска спортска магија.

Оваа година, за првпат, Спортска Мрежа е официјален медиумски покровител, кој ќе ви ја пренесе целата енергија и возбуда директно од Подареш! Дополнително најавуваме преноси во ЖИВО на Спортска Мрежа од полуфиналето и финалето.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останато

Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист

Наградата за животно дело му припадна на Марин Докузовски, поранешен кошаркар и тренер, најтрофеен селектор на македонската репрезентација, која под негово водство го...

Останато

Министерот Ристовски оствари средба со новата претседателка на Скијачката федерација на Македонија, Ивана Ивчевска Трајчевски

Министерот за спорт, Борко Ристовски, оствари средба со новоизбраната претседателка на Скијачката федерација на Македонија (СФМ), Ивана Ивчевска Трајчевски. На средбата, министерот Ристовски...

Поврзани написи
Турнири

ФК Кул со четири генерации доаѓа на Ohrid Winter Cup и носи силна конкуренција

Фудбалскиот клуб Кул од Скопје го потврди учеството на Ohrid Winter Cup,...

Турнири

Џокер од Фурка го потврди учеството на Ohrid Winter Cup со талентираната генерација 2012

Фудбалскиот клуб Џокер од Фурка, кај Дојран, е потврден учесник на Ohrid...

Турнири

Екипи од четири држави доаѓаат на Ohrid Winter Cup 2026, пријавувањето продолжува интересот ОГРОМЕН, услови одлични!

Голем број екипи од Македонија веќе пријавија учество на меѓународниот детски фудбалски...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!