Втора лигаФудбал

Блажески го утврди датумот – познато кога Големо Коњари ги „пали моторите“

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа, забрането превземање!
Сподели

Новиот второлигаш Големо Коњари го утврди датумот за подготовки за новата сезона. Новиот стратег Јовица Блажески на 13 јули ќе ја собери екипите и ќе означи почеток на подготовките.

Веќе се работи на утврдување на планот за подготовките, а тимот ќе одигра и неколку пријателски натпревари преку кои ќе ја проверува формата, а според нашите информациите ќе бидат одиграни околу пет пријателски натпревари.

Исто така, Според информациите на Спортска Мрежа раководството на Големо Коњари работи на ангажирање на нови засилувања со цел подигање на квалитетот за новата сезона.

Во моментот се врши санација и реконструкција на теренот и соблекувалните, со цел фудбалскиот терен во село Големо Коњари да ги исполнува условите за одигрување на второлигашки натпревари, за што веќе информираше Спортска Мрежа.

Дополнително, како што веќе објави Спортска Мрежа, ФК Големо Коњари врши упис на деца од генерација 2009, 2010, 2011 и 2012, а овие генерации ќе се натпреваруваат во лига. Сите заинтересирани ќе може да се пријават и да заиграат за младинските категории на ФК Големо Коњари во новата сезона.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останато

Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист

Наградата за животно дело му припадна на Марин Докузовски, поранешен кошаркар и тренер, најтрофеен селектор на македонската репрезентација, која под негово водство го...

Останато

Министерот Ристовски оствари средба со новата претседателка на Скијачката федерација на Македонија, Ивана Ивчевска Трајчевски

Министерот за спорт, Борко Ристовски, оствари средба со новоизбраната претседателка на Скијачката федерација на Македонија (СФМ), Ивана Ивчевска Трајчевски. На средбата, министерот Ристовски...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Охрид ја држи есенската круна во свои раце, Пелистер и Работнички чекаат шанса

Охрид влегува во последните две редовни есенски кола како лидер и најсериозен...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!