Втора лигаФудбал

ВИДЕО: ФК Големо Коњари добива реновиран терен – интензивна реконструкција за предизвиците во Втора лига

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа | Забрането превземање на фотографијата!
Сподели

Фудбалскиот терен во Големо Коњари интензивно се реконструира со цел да ги исполни условите за одигрување на натпревари од Втората македонска фудбалска лига.

ФК Големо Коњари, по долга пауза, се врати во Втората лига, а управата на клубот, заедно со сите поддржувачи и љубители на фудбалот, се активни во создавање на услови за натпреварување на домашен терен.

Спортска Мрежа ја посети локацијата, каде што во тек се работи на целосна реконструкција на соблекувалните. Внатрешноста се реновира со нови плочки, тушеви и сите неопходни елементи за обезбедување удобни и функционални простории за домашните и гостинските фудбалери.

Покрај тоа, се вршат активности за уредување на просторот околу теренот и за поставување на трибини. Во следниот период ќе ја посетиме спортската локација повторно, непосредно пред почетокот на новата сезона.

Целта на новиот второлигаш е јасна – Втора лига фудбал да се игра на фудбалскиот терен во прилепското село Големо Коњари.

Како што претходно ексклузивно информираше Спортска Мрежа, нов тренер на ФК Големо Коњари е Јовица Блажевски.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останато

Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист

Наградата за животно дело му припадна на Марин Докузовски, поранешен кошаркар и тренер, најтрофеен селектор на македонската репрезентација, која под негово водство го...

Останато

Министерот Ристовски оствари средба со новата претседателка на Скијачката федерација на Македонија, Ивана Ивчевска Трајчевски

Министерот за спорт, Борко Ристовски, оствари средба со новоизбраната претседателка на Скијачката федерација на Македонија (СФМ), Ивана Ивчевска Трајчевски. На средбата, министерот Ристовски...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Охрид ја држи есенската круна во свои раце, Пелистер и Работнички чекаат шанса

Охрид влегува во последните две редовни есенски кола како лидер и најсериозен...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!