Со четири возбудливи натпревари се затвори второто коло од Меморијалниот турнир во мал фудбал во Лабуништа, кој се игра во чест на Башким Салкоски, Шериф Сефиданоски и Беким Бајрамоски, а во организација на Шабан Кормакоски. Публиката и оваа вечер доби атрактивен фудбал, многу голови и неколку клучни пресврти кои значително ќе влијаат на расплетот по групите.
Вечерта започна со триумф на Демо Пласт, кој со 5:2 го совлада тимот на Велиоски Градба. По поразот во првото коло, ова беше значајна победа за Демо Пласт во борбата за пласман понатаму.
Во вториот натпревар, Минтас Булдинг стигна до важни три бода во тесна победа од 2:1 против Султан Турс. Натпреварот беше израмнет, но одлучи подобрата реализација на Минтас во завршницата.
Бербер Шоп Мухаммед продолжи со импресивната форма, убедливо победувајќи ја ИВЗ Струга со 9:2. Ова е втора висока победа за екипата, која сега е лидер во својата група со гол-разлика што влева респект.
Последниот натпревар од вечерта донесе најголема неизвесност. Златара Бени Ерол и Фура Кемо одиграа тврдо и израмнето, завршувајќи 1:1. Двете екипи покажаа зрел фудбал, со малку ризик, знаејќи дека секој бод може да биде клучен во финалниот пласман.
- Третото коло ќе го даде одговорот – кои екипи ќе влезат во елиминациите?
Со одигрување на сите натпревари од второто коло, турнирот влегува во одлучувачката фаза. Третото коло ќе биде директна пресметка за пласман во елиминационата рунда, каде секој бод може да биде пресуден.
- Награден фонд:
-
🥇 1. место – 2.000 евра
-
🥈 2. место – 700 евра
-
🥉 3. место – 300 евра
Спортска Мрежа како медиумски покровител продолжува секојдневно да ве информира за резултатите, табелите, фотографиите и настаните од Лабуништа. Следете нè и понатаму – македонскиот спорт на едно место!