Втора лигаФудбал

Новиот второлигаш Шкендија Арачиново ги задржа носителите на играта и промовираше неколку засилувања!

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа | Забрането превземање!
Сподели

Шкендија од Арачиново е нов второлигаш, откако најпрво стана шампион во Трета лига – Север, а потоа во баражот со 2:1 го доби второлигашот Осогово и така тимот од Арачиново по долги години се врати во Втората лига.

Тимот го промовираше најпрво Шабан Сулиман во нов тренер, кој доаѓа како наследник на Еркан Мурсели, тренерот кој ја врати Шкендија Арачиново во Втората лига.

Второлигашот од Арачиново најпрво започна со продолжување на соработката со играчите од претходната сезона, односно задржување на играчите кои беа носители на самата игра.

И во следната сезона дресот на Шкендија од Арачиново ќе го носи Фикрет Љиварека, Христијан Димов, Љупче Трпески, Александар Ѓорѓиески, Руфат Чилафи, Артан Чилафи, Бујар Иљази, Омер Сулејман, Бетим Исени и Кадир Бела, Албан Ферати, Шуајб Алити и голманот Бехар Шукрија.

Нови засилување во редовите на Шкендија Арачиново се голманот Баки Алиу, Гентиан Амети и Бурим Алиев.

За нов тренер на голмани е назначен Осман Даци, со што се формира и стручниот штаб предводен од Шабан Сулиман.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останато

Деветгодишниот Михаил Бошковски – шампион во кик бокс, признание и од Општина Кичево

Деветгодишниот Михаил Бошковски – шампион во кик бокс, признание и од Општина Кичев Младиот кикбоксер Михаил Бошковски доби признание од Општина Кичево за...

Ракомет

Моралес: „Во второто полувреме влеговме многу пофокусирано“

Дербито меѓу Охрид и Алкалоид во плеј-офот од Супер Лигата заврши без победник, откако двете екипи одиграа 28-28 во салата „Билјанини извори“. Натпреварот...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Форца загуби во Крива Паланка – Станојковски носи победа за Осогово во битката за опстанок

Вечерва екипата на Осогово стигна до многу важна победа која можеби и...

Трета лигаФудбал

Речица не допатува – кичевски Напредок добива службени три бода

Воведниот меч од 13. коло на Третата македонска фудбалска лига – Запад...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!