Успешно заврши третото издание од Меѓународниот турнир „Некст Левел 2025“ во Охрид, со екипи од Македонија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Бугарија, Романија и Турција.
Сите задоволни го споделија своето позитивно искуство од „Некст Левел 2025“, одлична организација, силна конкуренција, многу погодоци, публика.
Професионалниот меѓународен судија Данило Грујиќ од Србија, кој го судеше финале од Лигата на шампионите во 2018 година, за Спортска Мрежа истакна дека „Некст Левел 2025“ е одлично организаран турнир, а притоа зборуваше и за ВАР технологијата во Македонија.
Грујиќ, исто така за Спортска Мрежа истакна дека најмногу му се допаднало што натпреварите започнува точно, како и тоа што се знаело која екипа на кој терен игра, притоа даде пофални зборови и за судиите кои ја делеа правдата на натпреварите.
- ИЗЈАВА НА ДАНИЛО ГРУЈИЌ ЗА НЕКСТ ЛЕВЕЛ 2025: