Останато

Лина Ѓорческа избори пласман на турнирот во Загреб

Сподели
ФОТО: ТФСМ
Сподели

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа успешно ги мина квалификациите на ИТФ турнирот W75 Загреб што се игра за награден фонд од 60.000 долари. Таа вчера во финалето од квалификациите ја победи бугарската тенисерка Денислава Глушкова со 2-1 во сетови (57 63 62) за три часа игра.

Во изедначен прв сет Глушкова го доби првиот сет со 7:5 во гемови. Изеданачено беше и до средината на вториот сет и резултат 3:3 во гемови, а потоа следуваше серија од три гема за македонската тенисерка која го доби вториот сет со 6:3 во гемови и со тоа изедначи на 1-1 во сетови.

Во решавачкиот сет нерешено беше до 2:2 во гемови и во следните четири гема Ѓорческа на противничката и препушти само еден поен, односно од одиграни 13 освои 12 и сетот го заврши со 6:2 во гемови за 2-1 во сетови.

Во главниот турнир Лина Ѓорческа ќе игра на стартот против Ралука Георгина Шербан од Кипар, која се наоѓа на 243.место на ВТА листата. Ова ќе биде петти меѓусебен дуел на двете тенисерки и скорот е 3-1 во победи за тенисерката од Кипар.

Сподели

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Тиквеш размислува само на победа денеска

Екипата на Тиквеш од Кавадарци на домашен терен денеска во рамките на новото 23. коло од шампионатот, ќе го пречека тимот на Шкупи....

Прва лигаФудбал

Цуцули: Не очекува тежок натпревар против Шкендија, но мора да реагираме како тим

Екипата на Арсими  во рамки на 23. коло од Првата  Фудбалска лига ќе се соочи со Шкендија  во Тетово. Иако гостиварскиот тим е...

Поврзани написи
Останато

Деветгодишниот Михаил Бошковски – шампион во кик бокс, признание и од Општина Кичево

Деветгодишниот Михаил Бошковски – шампион во кик бокс, признание и од Општина...

Останато

Европскиот шампион Петар Мијалков од Македонија ги стартуваше подготовките во Шпанија

По блескавата 2025 година во која го покори Стариот Континент и стана...

Останато

Купот на ОФМ по 15 години повторно во Скопје

Финалниот турнир од Купот на ОФМ 2026 во машка и женска конкуренција,...

Останато

Наковски Волеј победник во струмичкото дерби против Струмица Жени

Одбојкарките на ОК Наковски Волеј остварија победа од 3:1 во сетови (25:20,...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!