Турнири

Многу неизвесност, пенали и погодоци вечерва на ‘Црнилиште Куп 2025

Сподели
Сподели

Вечерва се одиграа возбудливи натпревари на турнирот во мал фудбал “Црнилиште Куп 2025” – полни со голови, пресврти и драматични пенал-серии кои ја одушевија публиката.

Во првиот натпревар, екипата на Debresh ја потврди својата сила совладувајќи ја Alldanqe со убедливи 3-0, контролирајќи го темпото на играта од самиот почеток.

Втората средба донесе уште поголема ефикасност. Тимот на Revox беше немилосрден и со резултат од 5-1 ја декласираше екипата на Teuta, испраќајќи јасна порака до останатите конкуренти.

Во третиот натпревар се гледаше вистински трилер. Zgjimi Kompani и Karishiq Bau одиграа нерешено 4-4 во регуларниот дел, а драмата продолжи на пенали каде Zgjimi Kompani успеа да триумфира со 2-1, обезбедувајќи пласман понатаму.

Вечерта беше заокружна со уште една убедлива победа на Zgjimi Kompani, кои по пенал-изненадувањето, собраа сили и го надиграа тимот на Revox со убедливи 5-1, покажувајќи зошто се меѓу фаворитите за титулата

Турнирот продолжува со уште поголем интерес и возбуда, а екипите покажуваат високо ниво на спортски дух и фудбалска умешност.

Следете го „Црнилиште Куп 2025“ – на Спортска мрежа

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Натпреварите од 21. коло на Втора лига

Денес со седум натпревари ќе биде отворено 21. коло во Втората фудбалска лига, а колото ќе се затвори утре со мечот меѓу Големо...

Ракомет

Ѓорче Петров како на тренинг против Астибо – триумф со 18 гола разлика!

Лесна, убедлива и рутинска победа за шампионот Ѓорче Петров, откако со 38:20 го доби Астибо во меч од 18. коло на ракометната Супер...

Поврзани написи
Турнири

ЦСКА Софија ја засилува елитата: Интернационал Мастерс Куп добива уште еден фудбалски гигант

Југоисточна Македонија во мај ќе биде во знакот на младинскиот фудбал, а...

Турнири

ФОТО: Атлетико 2021 победник на традиционалниот турнир „Св. Атанасиј Велики“ во Оризари

Во организација на фудбалската школа Академија Младост Тошев, во спортската сала во...

Турнири

Во сабота 9. издание на турнирот во мал фудбал „св. Атанасиј Велики“ во Оризари

Во сабота ќе се одржи деветтото издание на турнирот во сала „св....

Турнири

ВИДЕО: Финалето меѓу Дим Метал и Пицерија Дивино од „Стојаково 2025“

Екипата на Дим Метал го подигна шампионскиот пехар на турнирот во мал...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!