Втора лигаФудбал

Вардар Неготино се извини, како домаќин против Башкими на СЦ „Пандев“ во Струмица

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа
Сподели

По вчерашниот инцидент кој се случи по завршувањето на мечот од 4. коло на Втората лига меѓу Вардар Неготино и Охрид, екипата на Вардар Неготино вечерва преку соопштение се извини на јавноста, но и на екипата на Охрид Лихнидос.

  • ЦЕЛОСНОТО СООПШТЕНИЕ НА ВАРДАР НЕГОТИНО:
„Од името на ГФК Вардар Неготино како управен одбор сакаме да го истакнеме нашиот став за целосната настаната ситуација по натпреварот одигран на домашен терен во рамките на 4. коло од 2МФЛ. Како управен одбор кое е највисоко тело во клубот, сакаме јасно и гласно да се изјасниме дека СЕ ОГРАДУВАМЕ И ЈА ОСУДУВАМЕ ЛИЧНОСТА КОЈА ШТО ГО НАПРАВИ ВЧЕРАШНИОТ ИНЦИДЕНТ. НЕГОТИНО И ВАРДАР СЕКОГАШ БИЛЕ ДОБРИ ДОМАЌИНИ И ИСТО ТАКА САКАМЕ ДА УПАТИМЕ НАЈИСКРЕНО ИЗВИНУВАЊЕ ДО ЕКИПАТА НА ФК ОХРИД ЛИХНИДОС! Ве известуваме дека нашиот клуб со одлука од ФФМ доби суспензија на нашиот градски стадион. Па така, наредните натпревари од 2МФЛ наместо во Неготино на домашен терен со свои навивачи и своја публика, нашиот клуб ќе ги игра во С.Ц. “Пандев”во Струмица БЕЗ ПРИСУСТВО НА ПУБЛИКА. Во сабота натпреварот помеѓу ФК Вардар Неготино и ФК Башкими ќе се одигра во Струмица со почеток од 14:00 часот. Вардар Неготино е клуб кој што назад низ историјата не бележи никаква ваква слична ситуација, тврд клуб низ кој поминале одлични фудбалери и кој сеуште има такви! А ние, ќе се крениме од ова и ќе гледаме само напред!“
Согласно донесената одлука на ФФМ за суспендирање на теренот во Неготино, екипата на Вардар Неготино како домаќин во рамки на 6. коло против Башкими ќе игра на СЦ „Пандев“ во Струмица, без присуство на публика.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Што ќе донесат денешните натпревари во Виница и Големо Коњари?

Пополека доаѓа моментот за комплетирање на 15. коло на Втората лига кое е последно за есенската полусезона, а со тоа да го имаме...

Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Големо Коњари – Тетекс

„Фенерџијата“ Големо Коњари на домашен терен ќе го пречека тимот на Тетекс кој ќе биде фаворит во рамки на последното есенско коло на...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Што ќе донесат денешните натпревари во Виница и Големо Коњари?

Пополека доаѓа моментот за комплетирање на 15. коло на Втората лига кое...

Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Големо Коњари – Тетекс

„Фенерџијата“ Големо Коњари на домашен терен ќе го пречека тимот на Тетекс...

Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Слога Виница – Охрид

Денес на Градскиот стадион во Виница се игра мечот од 15. коло...

Фудбал

Висок пораз на битолски Конзули во Кочани – четири гола за Христијан Крстов

Синоќа беше отворено 7. коло во Втората футсал лига со убедливата победа...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!