Втора лигаФудбал

Беласица на 2 јули ги „пали моторите“ – струмичани со повисоки амбиции!

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа
Сподели

Второлигашот Беласица за 2 јули го закажа стартот на подготовките за новата сезона 2025/2026.

Првата фаза од подготовките ќе се реализира во Струмица, а веќе за втората фаза можна е преселба на десетдневни подготовки. Клубот предводен од шефот на стручниот штаб Александар Стојанов ќе одигра и шест до седум пријтелски натпревари за темпирање на формата, а противниците ќе бидат познати во следните денови.

“За новата сезона влегуваме со повисоки амбиции а тоа е напаѓање на едно од местата кои водат во повисок ранг, за една сезона тимот е поискусен, остануваат скоро сите играчи од претходната сезона а ќе го надополниме ростерот со уште 4-5 квалитетни играчи кои ќе внесат дополнителен квалитет и свежина во тимот“, рече Стојанов за клупската страна.

Во следниот период Беласица ќе ги промовира нови засилување во своите редови.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Младински фудбалФудбал

Голем хуман гест за голем јубилеј: Фудбалската школа „Еден на Еден“ од Могила слави 15 години со добротворна акција!

Фудбалската школа „Еден на Еден“ од Могила одлучи својот 15-годишен јубилеј да го одбележи на посебен начин – наместо со традиционална прослава, младите...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Каранфиловска и Коловска за важни три бода: Истатов го совлада Кочани, кој остана „закован“ на дното

Фудбалерките на Истатов го совладаа Кочани со 2:0 во последниот натпревар од 11. коло на Првата женска фудбалска лига. Ања Каранфиловска и Андреа...

Поврзани написи
ИнтернационалциФудбал

Елмас влезе кога Аталанта веќе губеше со 0:3: Парма го реши мечот пред неговото влегување

Елиф Елмас доби шанса во последните триесетина минути, но Аталанта веќе беше...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!