Второлигашот Охрид Лихнидос го официјализира враќањето на својот поранешен капитен, Дамјан Серафимов, кој повторно ќе го облече охридскиот дрес и ќе го засили тимот во амбициите за пласман во Првата македонска фудбалска лига.
Серафимов минатата сезона беше дел од Брегалница Штип, а во својата кариера има настапи и за Кадино и Македонија ЃП, покрај своите претходни сезони во редовите на Охрид Лихнидос. Враќањето на овој искусен и борбен играч се смета за важен чекор во зацврстување на тимскиот дух и квалитет на охридскиот второлигаш.
Од клубот најавуваат дека ова е само почеток на летниот трансфер период, бидејќи во наредните денови ќе бидат претставени уште шест нови засилувања, со јасна цел: борба за промоција и влез во елитата на македонскиот фудбал.
„Добредојде назад, Дамјан!“, порачаа од клубот, потенцирајќи ја симболиката на враќањето на поранешниот капитен како мотив за целата екипа во претстојната сезона.