Младински фудбалФудбал

Новаци е шампион во Трета лига младинци – одлична сезона со перфектен напред и силна одбрана!

Сподели
Сподели

Екипата на Новаци стана шампион во Трета лига младинци, откако во сезоната што измина 2024/2025 тимот доминираше.

Екипата на Новаци беше максимално перфектна и беше далеку пред конкурентите, со учинок од 16 победи, едно реми и три порази, притоа тимот го имаше најефикасниот напад со постигнати 56 погодоци, а примени 20 погодоци, за позитивна гол разлика од +36 и освоени 49 бодови.

Зад Новаци заврши екипата на Силекс која е втора со 38 бодови, а пак Влазерими од Кичево заврши како трет со 32 бодови.

Во однос на самата табела екипата на Ускана заврши на четвртото место со 27 бодови, Струга Трим Лум на петтата позиција со 26 бодови, а на дното е Арсими со само три бодови.

Новаци ги имаше и најдобрите стрелци – Андреј Кузмановски постигна 12 погодоци, а пак Дарко Алексовски постигна 8 погодоци.

Оваа генерација потврдува дека Новаци има иднина и дека сениорскиот тим има од каде да се „храни“ со свои играчи.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Натпреварите од 21. коло на Втора лига

Денес со седум натпревари ќе биде отворено 21. коло во Втората фудбалска лига, а колото ќе се затвори утре со мечот меѓу Големо...

Ракомет

Ѓорче Петров како на тренинг против Астибо – триумф со 18 гола разлика!

Лесна, убедлива и рутинска победа за шампионот Ѓорче Петров, откако со 38:20 го доби Астибо во меч од 18. коло на ракометната Супер...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Натпреварите од 21. коло на Втора лига

Денес со седум натпревари ќе биде отворено 21. коло во Втората фудбалска...

Втора лигаФудбал

Како може Вардар Неготино до бараж за опстанок во Втора лига?

Десет кола до крајот, 30 бодови во игра и нов тренер –...

ИнтернационалциФудбал

Македонскиот репрезентативен голман Дамјан Шишковски останува во Борац до 2027

Македонскиот репрезентативен голман Дамјан Шишковски и официјално ја продолжи соработката со Борац...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!