Турнири

„Ресен 2025“: АСП Пак со висок триумф до полуфинале, Пекара Александар го доби Аце Најдески!

Сподели
Сподели

Вечерва се одиграа четвртфиналните натпревари на Меѓуопштинскиот турнир во мал фудбал „Ресен 2025“, огромен интерес кај публиката да ги проследи натпреварите, одлична атмосфера и возбудливи и неизвесни натпревари.

Во првиот меч екипата на АСП Пак лесно се чекираше во полуфиналето откако со 3:1 го доби тимот на Фасада Чајник. Во вториот четвртфинален меч екипата на Центар Бела Црква Прилеп со 2:0 го доби тимот на Кафе Бар 9 и обезбеди полуфинале.

Во третиот меч поголема неизвесност, екипата на Хризантема со 1:2 беше подобра од тимот на Здружение на возачи, а пак екипата на Пекара Александар во полуфиналето патува откако со 2:1 ја исфрли екипата на Аце Најдески.

Ова значи дека во полуфинале обезбедуваат екипите на АСП Пак, Центар Бела Црква Прилеп, Здружение на возачи и Пекара Александар.


Во првиот полуфинале натпревар од 20 часот ќе се соочат Хризантема против Пекара Александар, а од 22 часот Центар Бела Црква Прилеп оди на мегдан со АСП Пак.

Помеѓу двата полуфинални натпревари ќе се одигра ревијален натпревар со играчи од младинската школа на ФК Преспа.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Стојанов ќе им суди на Арсими и Вардар, Илиоски главен во Битола, Пилешков во Кавадарци

Утре со два меча стартува 24. коло на Првата македонска фудбалска лига, а со по два меча во сабота и недела ќе се...

Кошарка

Струмица голем фаворит, Вардар ќе го предизвикува Бутел, Соколи на незгодно гостување во Прилеп

Првата македонска лига продолжува со шестото коло во ТОП 8 фазата, кое ќе се игра во текот на претстојниот викенд. Новите четири натпревари...

Поврзани написи
Турнири

ЦСКА Софија ја засилува елитата: Интернационал Мастерс Куп добива уште еден фудбалски гигант

Југоисточна Македонија во мај ќе биде во знакот на младинскиот фудбал, а...

Турнири

ФОТО: Атлетико 2021 победник на традиционалниот турнир „Св. Атанасиј Велики“ во Оризари

Во организација на фудбалската школа Академија Младост Тошев, во спортската сала во...

Турнири

Во сабота 9. издание на турнирот во мал фудбал „св. Атанасиј Велики“ во Оризари

Во сабота ќе се одржи деветтото издание на турнирот во сала „св....

Турнири

ВИДЕО: Финалето меѓу Дим Метал и Пицерија Дивино од „Стојаково 2025“

Екипата на Дим Метал го подигна шампионскиот пехар на турнирот во мал...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!