Прва лигаФудбал

Ангелче Тимовски останува верен на Силекс, продолжена соработката на уште една година!

Сподели
ФОТО: ФК Силекс
Сподели

Силекс продолжува со кроењето на тимот за новата сезона, тимот од Кратово промовира нови засилувања, но и ја продолжува соработката со своите фудбалери.

Вицешампионот од Кратово ја продолжи соработката со Ангелче Тимовски, кој останува верен на Силекс и во следната сезона, откако двете страни се договорија со продолжување на соработката.

Фудбалерот од Пробиштип потекнува од младинската школа на Силекс, член е на клубот 13 години, а во тој период запиша 215 натпревари односно 16.800 минути во „црвено-синиот дрес“ во сите натпреварувања.

30-годишникот низ својата кариера покрај за Силекс има настапувано и за Победа од Прилеп, Шкендија, Шкупи и Гостивар на домашната сцена.

Во сезоната која измина Тимовски одигра 28 натпревари за Силекс, постигна еден гол и запиша три асистенции, а пак во Купот на Македонија запиша една настап за тимот од Кратово.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Каршиака со огромна победа во Брвеница – ДЕСЕТКА против Партизан Југ

Тимот на Каршиака продолжува со победничката форма на патот кон обезбедување на место во Првата футсал лига за следната сезона, откако на воведниот...

ФудбалФутсал

Михаил Павловски во последната минута го спаси Осогово – реми против Јувентус Серава

Неизвесен меч без победник со четири погодоци вечерва одиграа Јувентус Серава и Осогово од Крива Паланка (2:2) за отварање на 14. коло во...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Каршиака со огромна победа во Брвеница – ДЕСЕТКА против Партизан Југ

Тимот на Каршиака продолжува со победничката форма на патот кон обезбедување на...

ФудбалФутсал

Михаил Павловски во последната минута го спаси Осогово – реми против Јувентус Серава

Неизвесен меч без победник со четири погодоци вечерва одиграа Јувентус Серава и...

РепрезентацијаФудбалФудбалска репрезентација

ФФМ го одржа редовното генерално Собрание

Денеска, Фудбалската федерација на Македонија го одржа своето редовно годишно Собрание. На...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!