Македонија и Белгија ремизирааа вечерва во Скопје, откако на арената “Тодор Проески” одиграа 1:1.
На прес-конферецијата селекторот на Белгија, Руди Гарсија вели дека Македонија ги искористила нивните грешките.
„На пет минути пред крајот на натпреварот, требаше да го потврдиме за да имаме победа, доцна дојде голот на Македонија и немаше време за да се вратиме. Не одигравме добар натпревар каков што сакаме, знаевме дека Македонија знае да казнува грешки, тоа и се случи и против нас. Македонија имаше неколку шанси, особено кога двапати ја погодија стативата, можеви ремито беше најреален исход вечерва, но морам да истакна дека направивме грешки, мораме да се подобриме“, рече селекторот на Белгија.