Ракомет

Богдан Радивојевиќ продолжува во зелено-белиот дрес — Еурофарм Пелистер и српското крило ја продолжуваат успешната соработка

Сподели
ФОТО: РК Еурофарм Пелистер
Сподели

Еден од клучните играчи во шампионскиот состав на Еурофарм Пелистер, Богдан Радивојевиќ, ќе остане дел од битолскиот клуб и во сезоната 2025/26. Српското десно крило постигна договор за продолжување на соработката за уште една година, со што клубот обезбеди континуитет на искуство и квалитет на крилната позиција.

32-годишниот Радивојевиќ, познат по својата победничка менталност, и понатаму ќе биде важен дел од амбициозниот проект на Еурофарм Пелистер. Тој е играч кој низ кариерата освојувал трофеи каде и да настапувал — во дресовите на Партизан, Рајн Некар Левен, Флензбург, ПИК Сегед, а во последните две сезони и со Еурофарм Пелистер.

Само во последните две сезони (2023/24 и 2024/25), Радивојевиќ одигра 27 натпревари за битолскиот клуб во Лигата на шампионите и беше значајна алка во освојувањето на титулата во македонскиот шампионат.

Со овој потег, клубот уште еднаш покажува решеност да ја задржи квалитетната јадро и шампионскиот дух во пресрет на новата сезона.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останато

Познат изгледот на Првата А и Б одбојкарска лига во машка конкуренција

По комплетирањето на натпреварите од претколото, познат е составот на двете групи во машката Прва одбојкарска лига за регуларниот дел од сезоната. Екипите...

Останато

Универзитет во Тетово преку „златен сет“ обезбеди пласман во Првата А лига

Одбојкарите на Универзитет во Тетово го освоија последното место во Првата А лига за регуларниот дел од сезоната, откако во драматичен расплет го...

Поврзани написи
Ракомет

Блажески: Охрид не чувствува притисок од европската круна, целта е нов успех!

ГРК Охрид со уште една убедлива победа над Спор Тото ја потврди...

Ракомет

Вицешампионот Еурофарм Пелистер славеше над Младост од Богданци

Ракометарите на Еурофарм Пелистер ја оправдаа фаворитската улога и со убедливи 36-21...

Ракомет

Вардар максимален по осум кола, Тиквеш се намачи со Куманово

Ракометарите на Вардар 1961 продолжуваат со максимален ефект во домашната Суперлига, додека...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!