Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Македонските одбојкари стартуваат во Златната лига — познат е ростерот за турнирот во Братислава!

Сподели
ФОТО: ОФМ
Сподели

Селекторот на машката одбојкарска репрезентација на Македонија, Јошко Миленкоски, го дефинираше составот со кој „црвено-жолтите“ ќе го отворат настапот на првиот турнир во ЦЕВ Европската Златна лига 2025 во Братислава.

Поради ограничен број играчи во подготвителниот процес, Миленкоски ќе располага со 15 одбојкари, од кои тројца се техничари и ќе ротираат во текот на престојниот турнир. На првиот турнир нема да настапи Давид Стојанов.

  • Репрезентативниот список изгледа вака:

Техничари:

  • Ѓорѓи Ѓоргиев (Tursad, Турција)

  • Ефтим Ричлиев (Струмица 478.72)

  • Никола Ѓоргиев (Tursad, Турција)

Коректори:

  • Стојче Арсов (Штип УГД)

  • Кристијан Илиев (Струмица 478.72)

Примачи:

  • Владо Милев (Струмица 478.72)

  • Лука Костиќ (Босна и Херцеговина)

  • Стојан Илиев (Марсонија, Хрватска)

  • Тоше Ефремов (Каштела, Хрватска)

  • Александар Љафтов (ПАОК, Грција)

Средни блокери:

  • Филип Савовски (Војводина, Србија)

  • Филип Лепидовски (Струмица 478.72)

Либера:

  • Костадин Ричлиев (Штип УГД)

  • Ване Арапов (Струмица 478.72)

  • Стручен штаб:

Селектор: Јошко Миленкоски
Тренери: Кристијан Ристески, Атанас Милев
Скаут: Бојан Пантелеев
Физио: Александар Црвенковски

Македонските одбојкари ќе имаат тешка задача, но и голема можност за добар пласман во силната Златна лига. Им посакуваме многу среќа и успешни настапи на претстојниот турнир во Братислава!


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Поврзани написи
Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Костиќ: Не очекува тешко лето, Европската лига носи големо значење за нас

Интернационалецот Лука Костиќ и техничарот на Штип УГД, Давид Стојанов беа дел...

Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Јонузи: Со нова енергија и оптимизам влегуваме во Европската лига

Организаторот на играта на женската сениорска репрезентација на Македонија, Ерјона Јонузи, во...

Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Миленкоски го скрати списокот, Македонија продолжува со подготовки во Скопје

Селекторот Јошко Миленкоски и неговиот стручен штаб решија да им овозможат краток...

Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Хаџииљоски: Вие сте гордоста и иднината на македонската одбојка

Потпретседателот на Одбојкарската федерација на Македонија, Ивица Хаџииљоски, заедно со генералниот секретар...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!